60 знаци дека вашиот ноќен живот завршил

Дали сте забележале дека во последно време повеќе уживате во времето поминато со најблиските, во топла просторија и пријатен разговор? Или можеби, сè уште сте неуморни,па и покрај тоа што се вработивте имате сила и за викенд лудории? Ноќниот живот има рок на траење, а овие 60 знаци можат да ви покажат до каде сте вие на тоа поле и дали можеби дошол крајот на вашиот ноќен живот.

60 знаци дека вашиот ноќен живот завршил

1. Веќе некое време вашите пријатели не ве тагнале на нови фотографии на Фејсбук.

2. Се чувствувате чудно кога вашиот фустан е прекраток.

3. Излегувате само тогаш кога сте поканети на роденден или на некој друг настан, а не само затоа што е петок.

4. Веќе не можете да пиете шотови без да го ублажите нивното дејство со безалкохолен пијалак.

5. Се нервирате затоа што почнувате да ги заборавате деталите од вашите вечерни авантури.

6. Вашиот глас е перманентно рапав и преку глава ви е од тоа кога ќе се јавите дома вашата сестра да ви вели, „Здраво тато“.

7. Кога одите во клубови цела вечер се жалите за гужвата.

8. Изморени сте од набавување нови кредитни картички како замена за оние кои сте ги изгубиле на некој шанк.

9. Веќе не верувате дека „танцувањето како никој да не гледа“ е вистинска форма на вежбање.

10. Го прифативте фактот дека не можете да одите долго во високи потпетици и тоа не ве загрижува толку колку што би ве загрижувало пред неколку години.

11. Вие сте продуктивни дури и за време на викендите.

12. Сте поминале повеќе од 3 месеци без да го скршите вашиот мобилен телефон.

13. Сте заборавиле како да тверкате.

14. Сакате да излегувате само на оние места на кои можете да ги носите вашите пижами.

15. Почнавте да ги прераскажувате вашите стари приказни од „архивите“ бидејќи едноставно немате нови.

16. Доволни се само две чаши алкохол за да бидете пијани. Кој би рекол?

17. Неодамна откривте нешто што се нарекува „добри одлуки“.

18. Веќе не плаќате за чување на капутот бидејќи знаете дека брзо ќе си одите.

19. Кога ќе ве прашаат дали пушите цигари, вие веќе не одговарате со „Само кога сум пијана“.

20. Целата ваша гардероба е уништена од пијалаци кои биле истурени врз вас, освен онаа која ја носите на работа.

60 знаци дека вашиот ноќен живот завршил

21. Вашиот вкус за музика е значително подобрен.

22. Едноставно не можете да си дозволите повторно да го изгубите вашиот паричник.

23. Помислата да се разбудите во креветот на странец повеќе не ве возбудува, баш напротив, сега ве заплашува.

24. Нема веќе место на вашите нозе за нови модрици.

25. Осигурителната компанија ве замолила да престанете да пиете.

26. Многу повеќе би сакале да поминувате време со вашите соработници отколку со луѓе кои само што сте ги запознале.

27. Неодамна намаливте со шминката.

28. Се фаќате себеси како велите: „Не можам да излезам вечерва, многу сум уморна“.

29. Повеќе не чувствувате анксиозност која ве тера да посегнете по алкохол.

30. Повеќе не ги викате вашите пријатели да ви прават друштво кога сте расположени за пиење алкохол, бидејќи не ви е проблем да испиете и цело шише вино сами.

31. Почнавте да поминувате повеќе време со вашите родители.

32. Престанавте да живеете како вампир.

33. Разговарате на важни и актуелни теми наместо за она што планирате да го носите нареден викенд.

34. Сте купиле бел кауч за вашиот дом.

35. Единствениот маж кој го чекате е вашиот поштар.

36. Почнавте да купувате облека во која изгледате посериозно.

37. Повеќе би сакале да спиете во вашиот кревет, отколку во нечиј друг.

38. Станавте несигурни за вашите танцови способности.

39. Почнавте да се грижите за цената на пијалаците кои ги порачувате.

40. Никогаш не си легнувате без да ја отстраните шминката.

60 знаци дека вашиот ноќен живот завршил

41. Почнавте повторно да носите пантолони.

42. Пред да ви дојдат пријателите на гости мора да одите до маркет за да купите алкохол, бидејќи вашиот замрзнувач повеќе нема бескрајна низа од залихи на алкохолни пијалаци.

43. Доаѓањето дома во пијана состојба повеќе не е забавно за вас. Тоа ве изморува.

44. Веќе немате потреба од полноќните оброци бидејќи тоа време веќе цврсто спиете.

45. После долго време вие почнавте да прашувате „Кога се случило тоа?“ наместо „А се сеќаваш ли тогаш кога…?“

46. Не можете да останете будни по 10 часот навечер за време на работните денови.

47. Сте изгубиле контакт со оние личности со кои сте се гледале само за секс.

48. Шопингот за слатки фустанчиња за забава е заменет со шопинг за слатки одела за работа.

49. Светките за очи повеќе не ве возбудуваат како порано.

50. Не ги знаете имињата на новите кул клубови, но тоа не ве загрижува.

51. Конечно успеавте да ја измиете миризбата на жешка и пијана стриптизета од вашата коса.

52. Почнавте да купувате поудобни чевли.

53. Повеќе не е потребно да купувате пластични чаши на секое одење во маркет.

54. Сфативте дека нема да најдете момче кое е „материјал за сопруг“ на оние места кои најчесто ги посетувавте.

55. Кога ќе се сретнете со типот кој редовно ви помагаше да си го подигнете расположението на забавите на кои не постоеја граници во лудувањето, тој ве прашува како сте бидејќи не ве видел многу одамна.

56. Секој петок сте на време на работа.

57. Вашиот слух на левото уво е намален поради вашите танцови кореографии во близина на басот.

58. Имате време да пуштите машина за алишта.

59. Можете да се сетите како изгледаат баровите од внатре.

60. Го читате овој пост и си мислите: „По ѓаволите, се пронајдов“.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Luna Reply

    Ne e dovolen samo 1 znak? Deka ednostavno ne ti se izleguva vekje?

Остави коментар