6 знаци дека сте видовити

На сите некогаш ни се случило да предвидиме дека нешто ќе се случи, но во овие 6 ситуации, голема е веројатноста дека се работи за нешто паранормално.

6 знаци дека сте видовити

1. Претчувствувате дека телефонот ќе заѕвони и знаете кој ве бара

Ова се однесува само на случаите во кои се работи за личност со која не сте се чуле многу долго време, а не кога станува збор за некој со кого се слушате секој ден, по неколку пати. Потврда на знакот на видовитост е доколку ова често ви се случува.

2. Чувствувате кога некој ваш близок е во неволја

Тука не се работи за класична грижа за своите блиски, како на пример кога родителите се грижат за нивните деца. Станува збор за силно чувство дека нешто лошо се случило што на крајот излегува дека е точно. Ваков случај е најчесто забележан помеѓу родителите и децата, сопружниците, роднините и близнаците.

3. Место на кое никогаш не сте биле, а ви делува познато

Ако ви се случува да влезете во нечиј дом, каде што никогаш порано не сте биле, а сè ви делува познато, дури и до најситен детаљ, тогаш можеби сте видовити.

4. Имате соништа кои се остваруваат

Уште еден знак на видовитост е честото сонување на соништа кои потоа се остваруваат. Пророчките соништа се поинакви од обичните – полуцидни се, со повеќе детали и поуверливи.

5. Со допир можете да дознаете детали за луѓето и предметите

Се ракувате со непозната личност и веќе знаете некои детали за неа како нејзиното потекло, нејзиниот карактер, работата што ја работи и слично, а истово ви се случува и кога ќе допрете предмет за кој веднаш дознавате кому му припаѓал во минатото.

6. Редовно им кажувате на луѓето што ќе се случи и тоа се случува

Кога добро познавате некого, не е големо изненадување доколку можете да „видите“ што може да му се случи. Но, ако се случува да имате силно чувство дека нешто потполно неочекувано ќе се случи со некоја блиска личност, и тоа потоа навистина се случи, се работи за силен знак кој може да индицира видовитост.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар