6 загатки во кои треба да ја вложите целата ваша интелигенција за да го откриете решението

Сите ние сакаме да решаваме загатки, од оние едноставните со ножички и сложувалки, до прилично тешките кои нè тераат долго да размислуваме. Со помош на овие загатки ги вежбаме мозочните ќелии за да бидат во форма дури и кога ќе остариме. Ние за вас подготвивме 6 логички загатки. Некои од нив најверојатно ќе ги решите за неколку секунди, додека за некои ќе се помачите. Го прифаќате ли предизвикот? Точните одговори ве чекаат под секоја загатка.

1. Лажни парички

1-6-zagatki-vo-koi-treba-da-ja-vlozhite-celata-vasha-logika-i-inteligencija-za-da-go-otkriete-reshenieto-www.kafepauza.mk_

Имате 3 златни парички од кои 1 е лажна. Лажната паричка е полесна од другите. Како со само едно мерење на вагата ќе одредите која паричка е лажна?

  • Одговор

    Ставете кои било две парички на вагата. Ако се со иста тежина, третата е лажна. Ако сте ја погодиле лажната, таа ќе биде полесна од другата.

2. Предизвик за готвачот

2-6-zagatki-vo-koi-treba-da-ja-vlozhite-celata-vasha-logika-i-inteligencija-za-da-go-otkriete-reshenieto-www.kafepauza.mk_

За да победи на кулинарски натпревар, готвачот мора да подготви 6 парчиња бифтеци за 15 минути користејќи само една тава за пржење. Во тавата може одеднаш да собере 4 бифтека, а секој бифтек се пече по 5 минути од едната страна. Како готвачот ќе го совлада овој предизвик?

  • Одговор

    Ќе стави 4 бифтека на тавата и ќе ги пржи 5 минути. После тоа, ќе сврти два од нив, а другите два ќе ги замени со свежи и ќе ги пржи 5 минути. После 5 минути, ќе сврти два бифтека, а бифтеците кои се готови ќе ги замени со оние што се половина испржени и ќе ги пржи уште 5 минути.

3. Плата за работникот

3-6-zagatki-vo-koi-treba-da-ja-vlozhite-celata-vasha-logika-i-inteligencija-za-da-go-otkriete-reshenieto-www.kafepauza.mk_

Фармерот побарал работник за да му ископа бунар. Му ветил дека секој ден ќе му плаќа со злато. Работникот кажал дека ќе му бидат потребни 7 дена и започнал со копање во понеделник. Фармерот имал едно златно парче и планирал секој ден да му отсекува по 1/7 од него. Меѓутоа, кога погледнал во алатот со кој планирал да сече, сфатил дека ќе може да направи само 2 реза. Што да направи за да не го прекрши договорот?

  • Одговор

    Фармерот мора да го подели златното парче на 3 дела: 1/7, 2/7 и 4/7 – за тоа му се потребни два реза. На овој начин ќе може да го плаќа работникот секој ден во неделата:

    Понеделник: ќе му даде 1/7.

    Вторник: ќе му даде 2/7 и ќе земе 1/7.

    Среда: повторно ќе му даде 1/7 на работникот.

    Четврток: ќе му даде 4/7 и ќе земе 1/7 и 2/7.

    Петок: повторно ќе му даде 1/7.

    Сабота: ќе му даде 2/7 и ќе земе 1/7.

    Недела: ќе му даде 1/7.

4. Кокошките и јајцата

4-6-zagatki-vo-koi-treba-da-ja-vlozhite-celata-vasha-logika-i-inteligencija-za-da-go-otkriete-reshenieto-www.kafepauza.mk_

Една старица има 3 кокошки кои носат 3 јајца за 3 дена. Еден ден посакала да има повеќе јајца, па купила 12 кокошки. Колку јајца ќе има за 15 дена?

  • Одговор

    Ако сте одговориле 15, погрешивте. Ако 3 кокошки несат 3 јајца за 3 дена, тоа значи дека една кокошка несе по 1 јајце на секои 3 дена, а за 15 дена, ќе има вкупно 5 јајца. Со други зборови, 15 кокошки ќе снесат 75 јајца.

5. Витезите и принцезата

5-6-zagatki-vo-koi-treba-da-ja-vlozhite-celata-vasha-logika-i-inteligencija-za-da-go-otkriete-reshenieto-www.kafepauza.mk_

Некогаш одамна кралот посакал да пронајде маж за својата ќерка, па организирал витешки турнир. Кандидатите морале да поминат низ многу предизвици и на крајот останале само двајца. За да одлучи кој од нив ќе се ожени со неговата ќерка, кралот им наредил да ги јаваат коњите до езерото. Витезот чиј коњ ќе пристигне последен до целта, ќе ја добие принцезата.

Витезите ги јавнале коњите и многу бавно јавале до езерото. Им биле потребни недела дена, бидејќи ниту еден не сакал да пристигне прв. Конечно, се симнале од коњите, се ракувале и одлучиле да си одат дома. Меѓутоа, тогаш принцезата им пришла и им шепнала нешто. Витезите скокнале на коњите и брзо одјавале до езерото. Што им кажала принцезата?

  • Одговор

    Принцезата им кажала на витезите да ги заменат коњите.

6. Три врати

6-6-zagatki-vo-koi-treba-da-ja-vlozhite-celata-vasha-logika-i-inteligencija-za-da-go-otkriete-reshenieto-www.kafepauza.mk_

Едно момче се шетало низ шумата и наишло на напуштена колиба. Одлучило да влезе. Кога влегло, вратата се затворила. Внатре било многу мрачно. Момчето пронашло прекидач за струја, но немало струја. Потоа, слушнал глас кој му кажал дека може да излезе од колибата низ една од три врати.

  • Зад првата врата имало илјадници отровни змии кои веднаш би го убиле.
  • Зад втората, се наоѓала електрична столица и џелат кои веднаш би го убил.
  • Зад третата, се наоѓал гладен лав кој исто така веднаш би го убил.

Како излегло момчето?

  • Одговор

    Момчето би требало да ја избере вратата со електричната столица – во колибата нема струја, па џелатот нема ништо да му направи.

Доколку овие загатки беа премногу лесни за вас, погледнете ги овие тешки логички загатки кои може да ги решат само 8% од луѓето во светот.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар