Кучињата и нивното 6-то сетило: Што сè може да предвиди вашето крзнено пријателче?

Како и луѓето, така и кучињата ги имаат 5-те сетила кои ги користат за навигација во околината – сетило за мирис, слух, вкус, допир и вид. Луѓето најмногу се потпираат на сетилото за вид, но кучињата повеќе им веруваат на нивните сетила за мирис и слух. Погледнете кои се и другите сетила на кучињата и што можат да предвидат.

1. Земјотрес

(1)6-toto-setilo-na-kuchinjata-shto-mozhe-da-predvidi-vasheto-mileniche-kafepauza.mk

Верувањето дека кучињата предвидуваат земјотреси потекнува откако еден грчки историчар запишал дека кучињата го напуштиле градот пред да почне некој земјотрес. Се претпоставува дека оваа способност доаѓа од нивното силно сетило за слух. За разлика од нас, кучињата можат да ја слушнат високата фреквенција на карпите кои се мрдаат под површината на земјата кои сигнализираат земјотрес.

2. Бура

(2)6-toto-setilo-na-kuchinjata-shto-mozhe-da-predvidi-vasheto-mileniche-kafepauza.mk

Дали ви се има случено да го намирисате дождот? Иако звучи чудно понекогаш луѓето можат да намирисаат кога доаѓа бура. Бидејќи сетилото за мирис на кучињата е 40 пати посилно, тие можат да ја предвидат бурата 40 пати побрзо.

3. Пораѓај

(3)6-toto-setilo-na-kuchinjata-shto-mozhe-da-predvidi-vasheto-mileniche-kafepauza.mk

Обично мајката знае точно кога почнува породувањето, но таа не е единствената. Некои луѓе веруваат дека кучињата имаат 6-то сетило за детектирање на оваа состојба, но всушност тие подобро го читаат говорот на телото и емоционалните промени кај луѓето. Поради ова вашето куче може да знае и пред вас дека породувањето започнува.

4. Напади

(4)6-toto-setilo-na-kuchinjata-shto-mozhe-da-predvidi-vasheto-mileniche-kafepauza.mk

Очигледно е дека кучињата се одлична емоционална поддршка за луѓето со разни медицински состојби. Но тие исто така можат да предвидат пред некој да има епизода. Иако не постои објаснување за ова, кучињата можат да ги предупредат сопствениците од 12 до 20 минути пред да се случи нападот.

5. Рак

(5)6-toto-setilo-na-kuchinjata-shto-mozhe-da-predvidi-vasheto-mileniche-kafepauza.mk

Друго неверојатно нешто што можат да го „намирисаат“ кучињата е ракот. Многу луѓе изјавиле дека нивното куче се однесувало чудно пред да ја добијат дијагнозата за рак. Некои кучиња се тренирани за да ги намирисаат хемикалиите кои се присутни во туморот.

6. Негативна енергија

(6)6-toto-setilo-na-kuchinjata-shto-mozhe-da-predvidi-vasheto-mileniche-kafepauza.mk

Веројатно им верувате на инстинктите на вашето куче. Ако тоа не сака некоја личност, можеби има добра причина. Кучињата подобро го читаат човечкиот говор на телото дури и од шимпанзата. Покрај тоа, тие можат да намирисаат алкохол, дрога и други опасни материјали кои се необични за нивното опкружување.

7. Знаат кога си доаѓате дома

(7)6-toto-setilo-na-kuchinjata-shto-mozhe-da-predvidi-vasheto-mileniche-kafepauza.mk

Дали вашето куче секогаш ве чека пред врата? Се прашувате ли дали можеби цел ден седело таму? Иако тоа звучи тажно, за среќа не е така. Вашето куче знае кога ќе си дојдете бидејќи може да го препознае моторот на вашиот автомобил. Ако не возите, речиси сигурно ќе ве идентификува по нешто друго.

Погледнете ги и овие интересни помалку познати факти за кучињата.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар