6 разлики помеѓу академската интелигенција и вистинската интелигенција

6 разлики помеѓу академската интелигенција и вистинската интелигенција

Сте имале најдобри оценки во основно и во средно училиште, сте го завршиле факултетот многу лесно и сте дипломирале помеѓу првите. Тоа значи дека мора да сте многу интелигентни, се согласувате? Нема сомневање за вашите академски способности, и сигурно сте благословени со способен ум. Но дали овде станува збор за интелигенција?

6-razliki-pomegju-znaenjeto-od-kniga-i-vistinskata-inteligencija-kafepauza.mk

Кога се истакнувате помеѓу вашите соученици, тоа дефинитивно е знак дека вашиот мозок работи добро, но има голема разлика помеѓу знаењето стекнато од книги и вистинската, природна интелигенција. Погледнете за кои станува збор.

1. Знаење наспроти разбирање

„Секој будала може да знае. Целта е да се разбере.“ – Алберт Ајнштајн

Многу често постои голема дупка помеѓу знаење за нешто и вистинско разбирање на истото. Можеби знаете дека комбинирањето на хемикалијата А со хемикалијата Б ќе резултира со експлозија, но ова знаење не е исто со имањето претстава зошто овие хемикалии реагираат на тој начин. Знаењето се потпира на меморијата и набљудувањето. Разбирањето бара нешто подлабоко, желба да разберете и да објасните зошто се случува нешто. Големите откритија не настанале од знаење. Тие се резултат на љубопитноста и на храброста да се погледне кон непознатото. Ние би живееле во пештери ако нашите предци не ја поседувале оваа особина.

2. Поглед кон поголемата слика

Еден факт ви е бескорисен кога е сам. Сè додека не сте во можност да објасните како тој факт се поврзува со многуте други факти и заедно формираат некој контекст, вашата интелигенција ќе остане ограничена. Интелигентните луѓе се многу посвесни за тоа како едно делче информација се вклопува во големата слика. Тие ја разбираат поврзаноста помеѓу работите, или пак ако не ја разбираат се обидуваат да ја сфатат. Луѓето кои имаат само знаење од книги не се грижат многу за работите надвор од нивното тесно поле на размислување.

3. Емоционална перспектива

Постојат многу луѓе кои знаат да искористат добри аргументи и да го одбранат своето мислење во некоја дебата. И покрај ова, има моменти кога е подобро да премолчат, наместо да кажат нешто. Интелигентните луѓе препознаваат дали треба да зборуваат или не. Оние пак, кои се ограничени на знаењето од книгите, не се многу добри во оваа вештина. Но која е важноста на ова? Овде станува збор на интеракцијата помеѓу знаењето и емоцијата. Клучниот збор овде е рамнотежа. Кога сте смирени, вие знаете добро да го искористете вашето знаење. Но кога сте преплавени со емоции, вашето знаење ве прави арогантни и тврдоглави. А многумина ќе се согласат дека ова е лоша особина.

Кога станува збор за пријателска дебата, интелигентната личност ќе може да ја забележи напнатоста (доколку се појави) и ќе ја заврши дебатата на дипломатски начин. На овој начин ќе се спречи непотребното „изливање“ на емоции и бес.

4. Мислење за другите

И тука голема улога има емоционалната перспектива. На интелигентните луѓе таа им дозволува да размислат за тоа како нивните постапки влијаат на другите. Без разлика дали ќе го наречете емпатија или поинаку, оваа способност не е нешто што се учи од книга. Овој аспект на интелигенцијата е поприроден од чистото знаење. Тој ги тера луѓето да се стават на местото на другите и да сфатат како се чувствуваат.

5. Имплементација

Академската интелигенција, односно знаењето што сте го насобрале од книгите, може да ве однесе само до одредена точка во животот. Сепак, нешто се постигнува само преку делување и применување на знаењето. Токму на овој чекор паметните академци доживуваат неуспех. Тие не знаат како да го применат сето она што го научиле од книгите. Нивната способност за памтење информации не може да го надополни недостатокот од перспектива и применувањето на тоа знаење.

6. Знаењето дека не знаете ништо

Сократ е многу често цитиран:

„Јас сум најмудриот човек бидејќи знам едно нешто, а тоа е дека не знам ништо.“

Овде станува збор за последното делче од сложувалката на интелигенцијата. Интелигенцијата си ја знае својата граница, и поради тоа за да тврдите дека сте интелигентни, треба да признаете дека всушност не знаете нешто. Овој Сократов парадокс е нешто што луѓето со знаење од книги не можат да го прифатат. За нив е вистинска лудост да ја наполните главата со информации, а потоа да се сомневате во нивната точност. Овие луѓе секогаш се уверени во своето знаење и одбиваат да прифатат дека можеби грешат.

Погледнете ги и другите знаци кои покажуваат дека имате натпросечна интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар