6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење

Сите зборуваат како успешните луѓе се ранобудници. Стануваат и го освојуваат светот уште пред другите да го подготват утринското кафе. Но, што прават успешните луѓе пред спиење? Ова се 6 навики на познати успешни личности кои може да ги земете за пример.

6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење

1. Бил Гејтс: чита еден час

Мајкрософт милијардерот, Бил Гејтс, е страстен читател. Секоја ноќ пред спиење, како што ѝ е познато на јавноста, тој се посветува на читање на разна литература. Веќе ни се познати многубројните бенефиции од читањето, меѓу кои се подобрената меморија, редуцирање на стресот, подобрување на когнитивните способности, како и спречување на деменција на постара возраст.

2. Ариjана Хафингтон: целосно се исклучува од светот

Откако се онесвестила поради умор, повредувајќи си ја главата, оваа американска авторка и новинарка, нашла начин како да го добие вистинскиот одмор кој ѝ е потребен. Таа наводно целосно се исклучува од светот, оставајќи го мобилниот во друга соба и посветувајќи си време себеси.

Според д-р Чарлс Зајзлер, професор на Харвард, зраците од мобилните го вознемируваат нашето тело и го нарушуваат природниот процес на спиењето, мамејќи ги нашите тела да мислат дека е дење. Светлата од екраните на мобилните се потенцијални виновници за лошиот сон и несоницата.

3. Џоел Гаскоин: оди на прошетка

Извршниот директор на Buffer, пешачи со брзо темпо непосредно пред легнување. Ова, како што вели тој, го ослободува од негативната енергија, му ги оддалечува мислите од работа и го уморува за подобро да спие.

Прошетката, исто така помага во поттикнување на креативното мислење. Едно истражување покажува дека при прошетка, мозокот е поотворен на слободен тек на идеи. Прошетката со сигурност ќе ви помогне доколку имате некој проблем, ќе ве ослободи од тензијата и бидејќи вашиот мозок не работи жестоко полесно ќе дојдете до креативно решение на проблемот.

4. Опра Винфри: медитира

Успешна и зафатена жена како Опра Винфри, мора да најде начин да се опушти и да се ослободи од стресот кој ѝ го носат работните обврски и тоните информации кои нејзиниот мозок ги апсорбира секој ден. За Опра, медитацијата е вистинската алатка за помош.

Медитацијата го намалува стресот, анксиозноста, депресијата и болката. Доколку медитирањето не е за вас, или просто се коси со вашите верувања, најдете алтернативна форма на опуштање и смирување.

6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење

5. Вера Ванг: се посветува на креативното размислување

Вера Ванг признава дека навечер се посветува на креирањето бидејќи тишината на ноќта е вистински лек за креативната блокада. Она што е изненадувачки е истражувањето кое покажува дека ноќното време е најдобро за креативност дури и ако сте уморни по долгиот ден, со образложение дека поспаниот ум размислува послободно и без притисок. Така, ако сте ранобудници, вашите најдобри идеи ќе ви доаѓаат навечер, кога вашиот мозок ќе прави логични поврзувања кои инаку не би ги направил.

6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење

6. Кенет Ченоу: го планира наредниот ден

Извршниот директор на Американ Експрес го сака планирањето, па така го завршува секој ден помислувајќи на трите најважни нешта кои треба да ги постигне наредниот ден. Така наутро може да се разбуди и да се зафати со работа, концентрирајќи се на извршување на примарните и најважни обврски.

Едно истражување од раните 90-ти кое тестирало ученици од средно ја оправдува оваа навика на Кенет, покажувајќи дека учениците кои во средно добро владееле со планирање на времето покажувале подобри резултати во учењето и на факултет. Така, нивното планирање им донело и подобар академски успех, што докажува дека оваа навика дава добри резултати.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Zaneta Reply

    Jas gledam Roska i Zajak

Остави коментар