6 работи кои сигурно сте ги земале здраво за готово кога сте биле деца

Ниту еден човек не си го цени детството додека не порасне. Сите сме ги земале здраво за готово слободата и безгрижноста што сме ги имале како деца. Сигурно одвај сте чекале да станете возрасни и самите да можете да одлучувате и да правите што сакате без да барате нечија дозвола. Но, сега кога конечно сте влегле во светот на возрасните сфаќате дека работите не се такви какви што сте ги замислувале. Детството е еден волшебен период во кој сите сакаме да се вратиме поради следниве 6 причини…

6 работи кои сигурно сте ги земале здраво за готово кога сте биле деца

1. Секогаш сте имале подготвена ужина за на училиште

Сега нема кој да ви ги подготвува ручеците за на работа или факултет. Вашите родители морале да станат од спиење барем два часа порано пред да одат на работа за да ви подготват појадок и да ви ја спакуваат ужината за на училиште. Вие сигурно не сте ни го забележувале тоа, па дури и сте се жалеле што пак ви направиле ист сендвич како од пред неколку дена. Но, сега сте свесни и благодарни за сѐ што вашите родители правеле кога сте биле деца.

2. Сте станувале рано наутро и не сте се чувствувале уморни

Децата стануваат во 7 часот секое утро и изгледаат како одлично да се наспале претходната вечер. Ние, возрасните одвај можеме да се разбудиме пред 9 часот наутро. Сигурно ви недостасува периодот кога сте можеле да се разбудите без никаков проблем и без да чувствувате потреба од огромна шолја кафе за да функционирате како нормално човечко суштество.

3. Искрено сте верувале дека сите ваши соништа ќе се остварат

Постојано сте сонувале со отворени очи и сте се прашувале каков ќе ви биде животот кога ќе пораснете. Но, иако сега сте возрасни, вие сѐ уште не знаете што ќе правите во животот. Тоа е многу страшно! Сигурно посакувате да се вратите во детството кога сѐ било поедноставно и кога не сте морале да се грижите околу тоа како ќе ги платите сметките следниот месец.

6 работи кои сигурно сте ги земале здраво за готово кога сте биле деца

4. Лесно сте стекнувале нови пријатели

Многу полесно е да се стекнат пријатели во детството. Сите си играат заедно на игралиштето без оглед на возраста, без никакви предрасуди и стереотипи. Денес, доколку сакате да му пријдете некому на улица и да се спријателите, сигурно ќе ве смета за лудаци.

5. Сте читале за лично задоволство

Кога ќе почнете со факултет, немате толку време за читање книги по личен избор бидејќи имате еден куп учебници и скрипти со по илјада страници што треба да ги прочитате за една недела. По дипломирањето, повторно не можете да одвоите време за читање бидејќи работата ви одзема една третина од целиот ден. Сигурно ви недостасува периодот кога можевте да читате книга само за да уживате во содржината.

6. Не сте морале да правите планови за викенд

Децата не мора да прават планови и да организираат настани. Некој друг одлучува наместо нив. Во детството не сте се грижеле за семејните собири и за тоа како ќе го поминете викендот. Сега мора да се договарате со пријателите неколку недели однапред за да отидете на едно обично кафе, бидејќи сите се неверојатно зафатени.

На сите ни недостасува детството и периодот кога сѐ било многу едноставно. Тешко е да се биде возрасен и убаво би било кога би можеле да побегнеме од тоа одвреме-навреме. Но, сега не ни преостанува ништо друго освен да се сеќаваме на тоа време со насмевка на лицето и да се обидеме да ги научиме нашите деца дека никогаш не треба да го земаат здраво за готово најубавиот период од животот.

Доколку веќе ве обзема носталгија, погледнете ги и овие работи од детството кои никогаш нема да се заборават.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар