6 причини зошто откажувањето е најлошиот избор за вас

6 причини зошто откажувањето е најлошиот избор за вас

Кога имате некаква идеја или проект во кој верувате, тоа е исто како да имате дете или милениче. Вам ви е грижа, ги браните, поминувате голем дел од времето мислејќи на нив, им помагате да растат и да се развиваат. Идеите се едни од нашите најголеми дарови и од нив никогаш не треба да се откажуваме.

6 причини зошто откажувањето е најлошиот избор за вас

1. Постои разлика помеѓу одложувањето и откажувањето од идеите

Постои фундаментална разлика помеѓу откажувањето и остварувањето на идеите до крај, и потоа одлуката донесена со мирна и ладна глава, дека е време да се премине на нешто друго. Кога се откажувате, вие продолжувате да го носите тој товар и понатаму – мислите на него, се прашувате „Што би било кога би било…“, а можеби дури и жалите. Тоа се разликува од борбата за идејата, која завршува така што ќе продолжите понатаму.

2. Го поврзувате откажувањето со неуспехот

Кога вложувате во своето срце, а потоа сфаќате дека тој пат не е тоа што сте очекувале или сакале и потоа преминувате на нешто друго, тоа е една работа. Но, ако се впуштате во нешто и потоа веднаш се откажувате, тоа е нешто сосема поинакво. Немојте да се откажувате уште на самиот почеток. Немојте да се задоволувате со неуспехот. Борете се за идејата, а ако сакате да се откажете тогаш направете го тоа откако ќе бидете сигурни дека сте дале сѐ од себе.

3. Се претвора во навика

Семејното воспитување има голем удел во истрајноста. Кога постојано се откажувате од работите, тогаш целата работа ќе ја гледате како пропуштена шанса и ќе се навикнете да размислувате на тој начин.

4. Ја уништува вашата репутација

Ако се откажете од работата која вклучува повеќе луѓе, тие тоа нема да го заборават. И нареден пат, кога ќе се појави нова шанса, тие ќе ве гледаат како „оној кој се откажува“. Сосема е во ред ако сакате да преминете на некој друг проект или идеја, но направете го тоа на професионален и прикладен начин.

5. Никогаш нема да дознаете како можело да биде

Ако не дозволите идејата да созрее, никогаш нема да знаете што можело да биде, како тогаш би се развивала ситуацијата, во која насока би одел вашиот живот. Можеби не би донело големи промени, туку чекор по чекор би ве однело во друг правец.

6. Ја губите самодовербата

И за крај, најглавната причина зошто никогаш не треба да се откажувате е тоа што ќе се посомневате во својата способност да се соочувате со проблемите во иднина. Создавањето на нешто вредно, работата на креативноста секогаш се сведува на тоа колку верувате во себе и своите идеи. Не мора да имате врска со талентот или со тоа „кого го познавате“. Сѐ се сведува на суровата основа на самодовербата и подготвеноста да ги водите идеите до крај. Некогаш откажувањето изгледа како брзо решение на моменталните проблеми, но прашањето е што е добро на долгорочен план?

Не откажувајте се. Не вреди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар