6 нешта со кои треба да ја дочекате новата година доколку сакате поголемо богатство во 2016

6 нешта со кои треба да ја дочекате новата година доколку сакате поголемо богатство во 2016

Според фенг шуи, доколку сакате да имате добра нова година треба да обезбедите некои предмети и бои кои ќе ви донесат среќа и благосостојба, како и повеќе пари. Според овие верувања, работите со кои треба да ја дочекате новата година за да привлечете богатство и здравје во текот на наредните 12 месеци се најчесто црвени.

(0)-sakate-pogolemo-bogatstvo-vo-2016-6-neshta-so-koi-treba-da-ja-dochekate-novata-godina-kafepauza.mk

Црвената боја е огнена боја, а истовремено претставува и огнен елемент, како и силен симбол за богатство и напредок. Еве кои 6 елементи треба да ги имате покрај себе за време на празниците:

Црвен паричник

Новиот паричник симболизира дека сте подготвени за ново богатство во новата година (како материјално, така и духовно), а црвената боја е клучна за привлекување позитивни вибрации.

Црвена облека

Во новата година привлечете ја среќата така што ќе носите гардероба во црвена боја. Учителите по фенг шуи советуваат новогодишната ноќ да ја поминете облечени во црвено доколку сакате да привлечете среќа и богатство. Не е важно дали се работи за обетки или пак, за парче облека.

Црвени чевли

(1)-sakate-pogolemo-bogatstvo-vo-2016-6-neshta-so-koi-treba-da-ja-dochekate-novata-godina-kafepauza.mk

Чевлите се секогаш поврзани со влегување во подобро време, година, ситуација… Затоа црвените чевли ќе бидат симбол дека сте подготвени да тргнете напред кон подобро утре.

Дискретен златен накит

Со дискретниот златен накит ќе привлечете богатство и пари во новата година, како за вас, така и за вашето семејство.

Нов часовник

Часовникот покажува дека имате намера да одите напред, па затоа купувањето нов часовник ќе ви донесе позитивна енергија. Дури и најобичните и најевтините часовници ќе имаат позитивно влијание врз вашиот успех во новата година.

Голема чанта

Овој детаљ покажува дека очекувате многу добри нешта и дека ви е потребна голема чанта за во неа да има место да се сместат сите благодати на овој свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар