6 непотребни делови на човечкото телото

Во првите 60 дена во мајчината утроба мажите и жените се развиваат комплетно исто. А дотогаш веќе настануваат и машките брадавици. Токму затоа и мажите имаат брадавици, иако не им се потребни. Од настанокот на човештвото, па сè до денес поминале милиони години. За време на еволуцијата на човечкиот вид низ годините, некои делови од телото станале бескорисни, иако некогаш имале корисна намена. Еве кои шест делови ги имаат сите луѓе, а веројатно не служат за ништо.

6 непотребни делови на телото

1. Опашна коска

На луѓето не им се потребни опашки бидејќи совршено добро балансираат со нозете. Меѓутоа повеќето цицачи имаат опашка во одреден дел од живот, дури и ако ја изгубиле до моментот на раѓање. Измеѓу првата и петтата, па сè до осмата недела после зачетокот, човечкиот ембрион во мајчината утроба изгледа како да му се развива опашка. Но, до моментот кога доаѓа на свет, опашката сраснува како завршеток на ‘рбетот.

2. Машки брадавици

Мажите и жените во мајчината утроба се развиваат комплетно исто во првите 60 дена. После тоа кај тие со Y хромозом ќе се појави тестостерон, кој ќе го поттикне развојот на машки полов орган, наместо на женски. Но, бидејќи до тој момент брадавиците се веќе формирани, тие подоцна нема да исчезнат под влијание на машките хормони. Тоа се случува затоа што не прават никаква штета, па со самото тоа и не исчезнуваат по природен пат.

3. Мускули за ежење

Под секое влакно се наоѓа минијатурен мускул кој ги подига и спушта влакната. Нашите предци имале многу повеќе влакна на телото и ежењето им служело за да изгледаат поголеми и посилни, но на тој начин ја задржувале и топлината на телото. Постојат животни кои и ден денес го прават тоа кога се наоѓаат во опасност. Добар пример од секојдневието се мачките. Тоа е причината зошто се ежиме кога сме исплашени или кога ни е ладно.

6 непотребни делови на телото

4. Умници

Човечката вилица со текот на времето станувала сè помала, а резултат на тоа е проблемот со умниците за кои често нема простор за правилен раст во устата. Причина е тоа што воопшто не е потребно да ни растат заби кога сме возрасни. Покрај тоа веќе не сме присилени да џвакаме тврда храна, сиров зеленчук и живо месо. Научниците се согласуваат и со тоа дека денес внимаваме на нашите заби за да ни траат што подолго, додека нашите предци брзо ги губеле, па убаво било кога во подоцнежната доба од животот ќе добиеле четири нови заби.

5. Делови од ушите

Групата мускули со кои може да ги придвижуваме ушите е непотребна, освен можеби за забава на тие кои можат да ги мрдаат. Имено, овие мускули на животинскиот свет му помагаат подобро да ги слушнат звуците околу нив, но кај човекот тоа не е случај.

6. Трет капак на окото

На самиот крај на окото, до носот, се наоѓа мала и тенка кожа која воопшто не треба да биде таму, бидејќи на човекот не му служи за ништо. Таа се нарекува „plica semilunaris“ или трет капак. Оваа кожа ја имаат птиците и рептилите, проѕирна е и им служи за заштита на очите од влага, а во исто време им овозможува и да гледаат околу себе.

6 непотребни делови на телото

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар