6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

Смртта на омилените музичари се доживува многу емотивно. Суперѕвездите делуваат како суперлуѓе и честопати не прифаќаме дека и тие се како нас, со свои мани и недостатоци. Единствената реална разлика помеѓу нив и нас е астрономското влијание што тие го имаат на нивните фанови кои тагуваат откако ќе ја изгубат нивната омилена ѕвезда како да изгубиле член од семејството. Некои навистина упорни обожаватели наместо да тагуваат решиле да ја толкуваат нивната смрт како измама и да бараат докази дека тие не се навистина починати, туку само се кријат некаде далеку од човештвото.

6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

Интернетот е преполн со теории на заговор за музички изведувачи кои ја лажирале нивната смрт за да ја одбегнат славата и да побегнат во Куба. Прочитајте ги следниве 6 теории на заговор кои тврдат дека најпознатите починати музички ѕвезди сѐ уште се живи…

Мајкл Џексон

6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

Што се случило?

Смртта на Мајкл Џексон беше прогласена на 25-ти јуни 2009 година во медицинскиот центар Роналд Риган во Калифорнија. Во неговиот крвоток имало толку голема доза на лекови што неговиот личен доктор Конрад Мјуреј завршил 2 години во затвор.

Кои се теориите?

Јутјуберката Перл Џуниор направила повеќе видеа во кои тврди дека Мајкл не е мртов. Таа спровела огромни истражувања за неговата смрт и верува дека телото на Мајкл можело да биде заменето со восочна фигура и дека пеачот го направил тоа и за фотографиите од болницата. Таа тврди дека Мајкл Џексон на сликите не личи на себе, туку изгледа како пациент болен од рак. Таа исто така смета дека телото што хеликоптерот го подигнал личело на даска за сурфање, а не на тело.

Уште еден теоретичар на заговор тврди дека на последното селфи на Парис Џексон на Инстаграм може да се види Мајкл Џексон. Тој верува дека го гледа лицето на Мајкл во купот алишта на задното седиште во автомобилот на Парис. Друг Јутјубер тврди дека го сретнал Мајкл Џексон доцна во ноќта кога отишол до банкомат. „Мајкл Џексон“ му кажал „Извини“ и тој веднаш го препознал гласот на познатиот пеач.

Елвис Присли

6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

Што се случило?

Елвис Присли починал кога имал 42 години на 16-ти август во 1977 година во неговиот дом во Тенеси. Тој починал од срцев удар предизвикан од висок крвен притисок, глаукома, зголемено дебело црево и оштетување на црниот дроб. Било пријавено дека имал прекумерна тежина и дека не можел да прави ништо без помош. Исто така бил предозиран со кодеин.

Кои се теориите?

Се верува дека Елвис ја лажирал неговата смрт за да избега од окото на јавноста. Една од причините за тоа е дека на неговата надгробна плоча како средно име пишува Аарон, наместо попознатото Арон, иако официјалното средно име на Присли е навистина Аарон. Исто така, сомнителен е и фактот што еден ден по смртта на Елвис, маж по име Џон Бароуз (псевдонимот што го користел Елвис во хотелите) наводно купил билет до Буенос Аирес.

Теоретичарите на заговор како доказ го користат и чудното интервју од 2005 година каде што Присила Присли спомнува нешто што Елвис го „кажал пред некој ден“. Но, сигурни сме дека кога би требало да зборувате со Опра за вашиот мртов сопруг и вие би правеле грешки при говорот.

Мерилин Монро

6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

Што се случило?

Мерилин Монро била најдена мртва на 5-ти август во 1962 година во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Таа ја заклучила вратата и земала преголема доза апчиња за спиење.

Кои се теориите?

Покрај теориите на заговор кои тврдат дека Мерилин Монро била убиена од страна на ЦИА за да се заштити госпоѓата Кенеди и да не го изгуби нејзиниот статус на прва дама, постои човек кој верува дека Мерилин била жива во 1984 година. Тој наводно ја собрал со автомобил додека таа се обидувала со автостоп да се врати дома од менталната болница каде што се криела за да го одбегне гневот на јавноста.

Продолжете на следната страница за останатите теории на заговор…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар