6 легитимни причини зошто треба да имате партнер кој пие пиво

6 легитимни причини зошто треба да имате партнер кој пие пиво

Пивото е прекрасно. Тоа е еден од најубавите дарови на животот и навистина исклучителна материја. Нема ништо подобро од тоа да се вратите дома после напорниот ден и да се напиете ладно пиво. После првата вкусна голтка, животот веднаш станува поубав.

6 легитимни причини зошто треба да имате партнер што пие пиво

Можете многу да кажете за луѓето врз основа на пијалакот кој го преферираат, бидејќи тоа е рефлексија на нивниот пристап кон животот. А за оние чиј омилен пијалак е пивото може да се каже дека се скромни луѓе кои уживаат во животот. Тие не брзаат никаде и сакаат да го вкусат секој момент од ова лудо патување наречено живот. Тие не пијат само да се опијат, туку затоа што всушност им се допаѓа вкусот на пивото. Тие имаат карактер и ги ценат малите нешта.

Луѓето што уживаат во пивото се едноставни, опуштени, чувствителни и многу е помала веројатноста дека ќе се опијат и ќе ви ја уништат вечерта. Но тоа не значи дека не сакаат да се забавуваат. Пијачите на пиво само ја разбираат важноста на балансирањето.

Поради овие причини луѓето кои го пијат овој пијалак се одлични партнери за вас. Ако сѐ уште не сте убедени, еве шест легитимни причини зошто да одберете партнер кој пие пиво.

1. Тие ќе живеат долго

6 легитимни причини зошто треба да имате партнер што пие пиво

Пивото е вкусно и хранливо. Ако се консумира одговорно, тогаш можете да имате многу здравствени придобивки. Пивото изобилува со антиоксиданси и содржи повеќе селен, витамин Б, фосфор и ниацин од виното. Ова е доказ дека пивото е добро за вашето срце. Група италијански истражувачи ги испитувале навиките на пиење на преку 200.000 луѓе и откриле дека тие кои пијат пиво во ограничени количини имаат за 31 процент помали шанси за срцеви заболувања од останатите. Пивото исто така го јакне имуниот систем, ги зацврстува коските, го подобрува видот и го спречува создавањето камен во бубрезите.

2. Никогаш нема да ви биде досадно покрај нив

6 легитимни причини зошто треба да имате партнер што пие пиво

Најдоброто нешто кај овој пијалак е што има преку 400 видови и можете да одберете какво пиво ќе пиете во зависност од расположението. Со преку 10.000 пивари во светот, може да кажеме дека живееме во златната ера на пивото.

Луѓето што пијат пиво ги ценат различностите и секогаш се отворени да пробаат нови нешта во животот. Кога тие влегуваат во бар кој служи пиво кое досега не го вкусиле, тогаш дефинитивно ќе сакаат да го пробаат. Ако имате партнер кој ужива во пивото, неговиот отворен ум ќе го направи вашето заедничко време интересно и забавно.

3. Тие можат да одат насекаде низ светот и да се чувствуваат удобно

6 легитимни причини зошто треба да имате партнер што пие пиво

Пијачите на пиво се одлични сопатници, бидејќи не пребираат многу и уживаат во секој момент од патувањата. Тие не се претенциозни и ги сакаат луѓето. Патувањето заедно е веројатно најубавиот дел од врската, а дефинитивно е позабавно и поопуштено ако патувате со личност која ужива во пивото.

4. Тие се борци за еднаквост

6 легитимни причини зошто треба да имате партнер што пие пиво

Пивото често се смета како пијалак на „работниците“, но ова е секако погрешно. Вистината е дека пивото има посилна врска со жените. Најстариот податок за производство на пиво доаѓа од антички Египет, каде што тоа првенствено било произведувано и продавано од жени. Всушност, постоел дури и закон кој на мажите им забранувал да произведуваат и продаваат пиво.

Во античко Перу, производството на пиво била исклучително важна задача, резервирана за жените од благородничко потекло или задача за најубавите жени. Или поинаку кажано, ако во тоа време сте произведувале пиво, ве сметале за припадник на највисокото општество. Античките Сумери дури имале и божица на пивото наречена Нинкаси. Векови подоцна, во колонијална Америка, жените биле сопственици на таверни и произведувачи на пиво. Производството на овој алкохолен пијалак било една од нивните стандардни дневни задачи.

Жените имаат врска со пивото која се протега илјадници години, а тие биле и први кои почнале да го консумираат во поголеми количини. Ако некој маж е голем пијач на пиво, тогаш треба да треба да им се заблагодари на жените за придонесот во развојот и вкусот на пивото. Историски гледано, пивото е најфеминистички пијалак. Што значи дека пиењето пиво ја промовира еднаквоста меѓу половите.

5. Тие се паметни

6 легитимни причини зошто треба да имате партнер што пие пиво

Љубовната врска со интелигентни луѓе е исклучително важна. Таа е секогаш интересна и можете да бидете сигурни дека ќе има за што да зборувате. И можеби случајно, пивото е поврзано со зголемување на когнитивните функции, поради тоа што содржи ксантохумол. Па ако сакате да се напиете неколку пива, тоа истовремено значи и дека сте сезнајко.

6. Најчесто уживаат во храната

6 легитимни причини зошто треба да имате партнер што пие пиво

Пивото и храната се исклучително совршен пар. Пивото е пијалак кој оди со секоја храна и колку повеќе го пиете, толку погладни станувате. Ако имате партнер кој пие пиво, голема е веројатноста дека тој сака и храна. Исто така, големи се шансите дека тој сака и да готви храна по негов вкус со која често ќе ве изненадува.

Ако пак не знае или не сака да готви, тогаш сигурно ги знае сите места во градот каде што може да јадете вкусна и обилна храна. Пијачите на пиво дефинитивно се луѓето кои сакате да бидат покрај вас кога сте гладни.

Пивото, храната и љубовта го движат светот. Најдете партнер кој пие пиво и уживајте заедно во вкусната храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар