6 легални видови храна кои можат да предизвикаат халуцинации

6 легални видови храна кои можат да предизвикаат халуцинации

Не ве охрабруваме да консумирате од набројаните намирници со цел да си предизвикате халуцинации. Целта на овој текст е исклучиво информативна. Сепак постојат некои видови храна кои можат да се купат или да се најдат во природата, кои се легални а можат да направат да гледате работи кои најверојатно не се случуваат.

6 легални видови храна кои можат да предизвикаат халуцинации

1. Кафе

За злоупотреба на кофеин се смета кога ќе консумирате 250 милиграми од него, а толку отприлика има во 350 мл кафе. Тогаш уште е рано за халуцинации, но ако испиете 7 шолји веќе е можно да слушнете некои звуци кои другите не ги слушаат или да видите духови.

2. Афион

Познато е дека афионот содржи морфиум и кодеин. Треба премногу да се изеде од него за да се почувствува нешто, но може да придонесе да извадите позитивен тест на дроги.

3. Црници

Доста ги има кај нас и речиси нема некој што не ги јадел, но сепак нема никој кој имал халуцинации од нив. За тоа теоретски треба да се изедат огромни количини од кои веројатно ќе добиете дијареја пред да стигнете до „интересните слики“.

4. Стилтон сирење

Само 20 грама од стилтон сирењето е доволно за да почнете да гледате слики кои обично не ги гледате. Тоа е потврдено и преку една британска студија.

5. Главата на рибата сарпа салпа

Доколку оваа риба изела доволно од вистинските алги и планктони, нејзината глава може да предизвика халуцинации. Ако не јадела од нив, тогаш е безопасна. Инаку таа може да се најде само на источниот дел на Атлантикот и Медитеранот.

6. Морско оревче

Шест до осум лажици од него предизвикуваат слаби халуцинации, а покрај тоа и вртоглавица, мачнина, тешкотии со мокрењето и параноја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар