6 карактерни особини кои ги имаат успешните жени

6 карактерни особини кои ги имаат успешните жени

Никој од нас не се родил како лидер, но постојат начини на кои можеме тоа да го научиме. Една мала студија спроведена на 85 жени на високи позиции ни покажува неколку клучни карактеристики кои сите тие ги поседуваат. Погледнете што ви е потребно за да бидете успешни во вашата кариера…

6 карактерни особини кои ги имаат успешните жени

1. Самоувереност

Дали сте силни кога станува збор за справување со луѓе? Дали можете да го задржите вашиот став или едноставно бегате од конфликтите? За да бидете силни, вие мора да знаете како да го искажете вашето мислење, рационално, не емоционално, како и да стоите зад тоа што сте го кажале.

2. Агресивност

Овој збор многу често се смета за негативна појава, особено кога е насочен кон жените во бизнисот. Но, тоа не значи дека не е клучен за успех. Агресивните лидери можат со само еден поглед да ги заплашат своите соработници, а со тоа и да ги насочат кон патот на успехот. Станува збор за „конструктивна“ агресија, бидејќи сепак е балансирана со…

3. Емпатија

Да бидете способни да ги слушате и разбирате емоциите на другите е една од најсилните моќи кои една жена со кариера може да ги поседува. Сите ние сме луѓе, со наши сопствени стравови и слабости, како и со мислења кои заслужуваат внимание. Луѓето имаат проблеми и грижи на кои мора да им се обрне внимание, но и да им се пристапи со грижа. Жените кои се успешни го постигнуваат тоа преку своето разбирање, без притоа да дозволат сентименталноста да ги одведе во спротивна насока.

4. Силно его

Не станува збор за оној вид его од кој толку многу ви расте главата што едноставно не можете да поминете низ вратата од канцеларијата. Се работи за довербата во својата способност да надминувате предизвици. Сите ние секојдневно се соочуваме со предизвици, но само најуспешните успеваат да се искачат до врвот. Нема ништо лошо во тоа да ги познавате вашите силни страни и јавно да ги покажувате.

5. Енергија

Со цел да се постигне потребниот ентузијазам и инспиративната виталност додека сте на работа, многу е важно да знаете како да ги наполните вашите батерии. Тоа можете да го постигнете преку добра исхрана, многу вежбање, повремена масажа и доволно време за одмор по напорната недела.

6. Толеранција на стрес

Одвреме-навреме ќе се чувствувате поотпорни на стрес од другите. Но, да бидеме реални, секоја промена во животот со себе носи и доза стрес која може да ни ги искомплицира работите. Трикот е да најдете начин да се одморите по работните часови. Без разлика дали станува збор за прошетка на свеж воздух, топла бања или пак, кикбокс најдете го вашиот начин на релаксирање и на тој начин ќе ја зголемите вашата толеранција и за најстресните настани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар