6 факти што можеби не сте ги знаеле за музејот Лувр

6 факти што можеби не сте ги знаеле за музејот Лувр

Од отворањето на своите врати за јавноста, повеќе од 600 години музејот Лувр бил симбол за моќ, богатство и декаденција на француската монархија, но исто така и голем подарок за светската култура кога од кралска палата станал национален музеј. Во денешно време, Лувр е еден од најголемите музеи кој содржи повеќе од 70.000 уметнички дела и дефинитивно спаѓа во групата на најпосетени ширум светот. Денес ви издвојуваме неколку интересни работи коишто можеби не сте ги знаеле за него.

Еден од најпознатите музеи во светот: 6 работи кои можеби не сте ги знаеле за Лувр

1. Лувр на почетокот бил одбранбена тврдина

Првиот крал на Франција и еден од најуспешните владетели во средновековна Европа, Филип Втори, започнал со изградба на тврдина која служела како одбрана од непријателскиот напад кој се заканувал од северната страна. Создавањето на тврдината се состоело од бастиони, ровови и огромна кула во центарот. Како градот Париз ги ширел своите граници за време на владеењето на Филип, така се проширувала и тврдината.

2. Тврдината на Филип Втори била срушена поради кралска резиденција

По стогодишната војна, Лувр не се користел сѐ до 1527 година, кога Франсоа Први наредил рушење на првобитните тврдини поради изградба на раскошни палати во ренесансен стил, затоа што и самиот бил просветител во ренесансната доба, а помеѓу останатото тој помагал и за стандардизација на францускиот јазик – најверојатно и најважно е тоа што тој бил прв европски владетел кој воспоставил дипломатски односи со Отоманското царство. Палатата тогаш доживеала експанзија долга еден век. Благодарејќи на културната посветеност на кралот Франсоа Први, новиот изглед на Лувр бил креација на најголемите архитекти во Европа во тоа време, а и самиот тој бил близок и со Леонардо да Винчи.

3. Зградите Лувр еден период биле сосема напуштени

По завршувањето на изградбата на Версајскиот дворец, судот на Франција одлучил своето седиште да го премести далеку од Париз и Лувр, оставајќи го музејот на милост и немилост. Некои делови останале отворени и биле културна потпора на многу сликари, вајари и писатели. По еден век било продолжено со обновата, а династијата Бурбон дала цело богатство во уметничка форма, сѐ до француската револуција. Конечно, на 10-ти август 1793 година Лувр ги отворил своите врати за светот како музеј, најпрво благодарејќи на падот на монархијата и новоформираното Национално собрание кое барало Лувр да стане музеј.

Еден од најпознатите музеи во светот: 6 работи кои можеби не сте ги знаеле за Лувр

4. Мона Лиза не се наоѓала отсекогаш во Лувр

Франсоа Први, по смртта на неговиот пријател и познат сликар, Леонардо да Винчи, го откупил портретот Мона Лиза, кој со векови ја красел кралската палата Версај и Фонтенбло, наместо ѕидовите на Лувр. Мона Лиза конечно своето место во Лувр, како свој дом, го пронашла по паѓањето на монархијата, односно со повремена преселба: Се наоѓала во спалната соба на Наполеон додека тој владеел, за време на војните била преместена на тајни локации и во 1911 година била украдена од италијански крадци. По две години таа се вратила на своето место во Лувр, но после 50 години, првата дама Џеки Кенеди ги убедила француските власти портретот да се изложи на музејската турнеја во Њујорк и Вашингтон.

5. Наполеон Бонапарта привремено го нарекол музејот Лувр по себе

Со доаѓањето на власт, Наполеон не само што го нарекол музејот по себе, туку тој станал и центар каде што успеал да ги изложи сите предмети со голема уметничка вредност кој ги земал за време на војната. Стотина слики и скулптури го краселе музејот Наполеон, помеѓу останатите предмети. По паѓањето на Наполеон во 1814 година, сите 5.000 освоени дела за време на војната им биле вратени на земјите од каде што Наполеон истите ги земал, а Лувр конечно станал музеј Лувр.

6. Лувр бил мета на најголемите грабежи во историјата (за време на Втората светска војна)

Кустосите за време на Втората светска војна успеале да ги евакуираат највредните дела и оние кои можеле да се пренесат во една од тајните рурални палати ширум Франција. Нацистите по окупацијата на Париз наредиле Лувр повторно да се отвори, а конфискуваните и украдени ремек-дела од Лувр и музејот Же де Пом и богатите еврејски Французи, биле одвоени за командантското водство на нацистичката војска, додека пак делата кои биле морално неприфатени, како што се сликите на Пикасо и Дали, или продадените колекции кои не биле од германско потекло, биле јавно запалени во 1942 година. Лувр не бил толку успешен во враќањето на украдените дела, па честопати бил мета поради неговата контроверзна улога во најголемиот уметнички грабеж во историјата и неспремноста да ги врати украдените ремек-дела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар