6 чудни религии

6 чудни религии

Потрагата по смислата на животот и спротивставувањето на стравот од смртта можат да ги однесат луѓето во многу интересни и необични религиозни правци. Ова се само шест од нив.

Џедаизам

Џедаизмот е нетеистичко религиозно движење инспирирано од филмскиот хит „Војна на ѕвездите“, а посветените следбеници често носат облека како во филмот. Го признаваат влијанието на филмовите врз нивното верување и тоа дека кодот на однесување е инспириран од однесувањето на џедаите, но сепак тврдат дека нивниот духовен пат е поразличен.

Ако внимателно се разгледаат нивните „15 учења за џедаизмот“ или „21 максима“, тоа претставува мешавина од будизам и таоизам. Интересно е тоа што официјално оваа религија има стотици илјади следбеници во светот, но само поради тоа што за време на пописот многу луѓе на шега изјавувале дека ѝ припаѓаат на оваа религија.6 чудни религии

Верата на Принцот Филип

Принцот Филип, инаку сопруг на британската кралица Елизабета Втора, во минатото патувал низ Пацификот. Кога стигнал на островчето Вануату бил пречекан од членовите на племето Јаонанен, кои согласно преданијата од нивните предци го очекувале „бледоликиот човек кој ќе замине, ќе се ожени со моќна жена и по некое време ќе се врати“.

Принцот одговарал на описот и затоа денеска е сметан за божество во ова племе. Откако дознал за неговиот статус, на следбениците им испратил своја фотографија. Овие му возвратиле со пригоден подарок – палка за убивање свињи. Тој повторно возвратил со фотографија, овој пат позирајќи со палката.6 чудни религии

Култот кон Гаџет Хакренч

Гаџет Хакренч е јунак од анимираниот серијал на Дизни за Чип и Дејл. Таа е розов глушец којшто знае да управува и поправа авион, што според група нејзини фанови од Русија е доволно за да биде прогласена за божица. Според нив таа е „божествено битие и сестра на единствениот бог“, а ја опишуваат и како „строга, слатка, оптимист, со технички познавања кои се недостижни за обичен смртник“.6 чудни религии

Среќна наука

Иако името сугерира нешто друго, религиозната група Среќна наука нема многу допирни точки со рационалноста. Таа е основана во Јапонија во 1986 година од извесен Риухо Окава, човек кој ги отфрла конвенционалните религии затоа што е свесен дека низ себе може да го канализира духот на Исус, Мухамед, Буда и Конфучие бидејќи тој е инкарнација на врховниот бог Ел Кантаре.

Оние кои сакаат да се приклучат на оваа вера треба само да „имаат желба и визија како да пронајдат и придонесат за љубов, мир и среќа на земјата“. Последното би звучело многу убаво ако не се знае дека Окава, инкарнацијата на врховниот бог, поддржува воена експанзија на јапонската армија, создавање на нуклеарно оружје и негира одредени геноциди кои се случиле во минатото.6 чудни религии

Црквата на Диего Mарадона

Иглесија Марадонијана е основана од фановите на најдобриот фудбалер на сите времиња, на неговиот 38-ми роденден во Росарио, Аргентина. Има 80.000 приврзаници во околу 60 земји во светот кои ги следат десетте заповеди, меѓу кои се обврската да се сака фудбалот повеќе од сè на светот, да се бранат боите на Аргентина, да се проповедаат зборовите на Диего Марадона, барем средното име на детето да биде Диего, и слично. Пред свештените лица од оваа црква можат да се одржат и венчавки.6 чудни религии

Мами Вата

Според верувањата на некои народи во Африка, Мами Вата е воден дух кој може да добие човечки облик и да ги обземе луѓето околу себе. Обземените ќе бидат ослободени само ако се заколнат на сексуална верност на духот. Тогаш следува големо богатство, а доколку несреќниот одбие такво нешто, тогаш ќе ги загуби работата и семејството.6 чудни религии


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар