6 целосно неконвенционални начини за борба против анксиозноста

6 целосно неконвенционални начини за борба против анксиозноста

Анксиозноста е дефинитивно една од најголемите борби со кои се соочуваат луѓето на денешницата. Стрес, стрес и само стрес – факт е дека тешко кој може успешно и без никаква помош да се справи со овој проблем. За среќа, постојат многу начини за третирање на анксиозноста. И додека на ум веројатно ви паѓаат сите вообичаени техники, подолу ќе најдете 6 малку понеконвенционални начини кои подеднакво добро ќе ви помогнат.

(1)-6-celosno-nekonvencionalni-nachini-za-borba-protiv-anksioznosta-kafepauza.mk

1. Кава

Кавата е корен кој потекнува од Западниот Пацифик. Познат и под имињата кава-кава или ‘ава, овој лек содржи едни од најсилните анксиолитици, познати како кавалектони. На Полинезиските острови е сосема вообичаено ова растение да се џвака или од него да се направи пијалак и притоа, има слична социјална намена како и алкохолот.

Доколку се мислите дали да пиете алкохол или да го пробате овој корен, тогаш веројатно поубаво е да се одлучите за втората опција. Не само што е поздраво, туку е и помалку штетно за црниот дроб. Меѓу другото, кавата има поефективен и подолготраен ефект при лекување на краткотрајна анксиозност, така што максимумот на ефектот се чувствува по 3 часа од земањето на овој лек, а трае дури 12 часа. За разлика од алкохолот, кавата предизвикува да спиете поцврсто и подлабоко и ви овозможува навистина да се одморите.

(2)-6-celosno-nekonvencionalni-nachini-za-borba-protiv-anksioznosta-kafepauza.mk

2. Кратом

Кратомот е билка која потекнува од Југоисточна Азија. Содржи повеќе различни алкалоиди поради кои е добар лек за анксиозност, подобрување на расположението и зголемување на нивото на енергија во организмот. Може да се најде во различни видови, но при третирање на анксиозност, препорачливо е да се користи оној кратом од Индонезија и Бали, а да се избегнува тој од Тајланд и Виетнам кој е со стимулативни ефекти. Во однос на дозирањето, се препорачуваат мали дози за почеток и тоа максимум 3 дена неделно.

(4)-6-celosno-nekonvencionalni-nachini-za-borba-protiv-anksioznosta-kafepauza.mk

3. Вежбање

Веќе долго време еден од најефективните третмани за лечење на анксиозноста е физичката активност. Константното вежбање е лек на долги патеки, кој ви дава енергија и ги опушта телото и мозокот од стегите на стресот и нервозите. Но кога анксиозноста ќе нападне ненадејно, подобро ќе ви дојде поинтензивен, краткотраен тренинг. Склекови, скокање на јаже, кревање тегови, возење велосипед, трчање – наизменично правете ги оние вежби кои истовремено и ќе ве заморат и ќе ве опуштат.

(3)-6-celosno-nekonvencionalni-nachini-za-borba-protiv-anksioznosta-kafepauza.mk

4. Мастурбирање

Иако повеќе не е табу тема, мастурбирањето отсекогаш било и ќе остане нешто за што малку луѓе отворено зборуваат. Но и покрај тоа, факт е дека мастурбирањето носи многу позитивни работи по здравјето на луѓето и тоа не може да се занемари. Ја подобрува кардиоваскуларната состојба, го подига имуниот систем, кај жените спречува цервикални инфекции, а кај мажите ги намалува шансите за рак на простатата. Исто така, навистина ефективно го намалува стресот и го подобрува спиењето, а и прави да се чувствувате убаво.

7-6-celosno-nekonvencionalni-nachini-za-borba-protiv-anksioznosta-kafepauza.mk_

5. Робување, доминација, садизам, мазохизам

Можеби делува нелогично, но постојат истражувања кои покажуваат дека практикувањето садомазохизам има смирувачко влијание врз организмот. Иако при практикување на овие активности во телото се ослободува поголемо количество кортизол, кој е познат како стрес хормон, луѓето истовремено чувствуваат и намалување на стресот, а некои од нив дури и искусуваат состојба на огромно задоволство.

Но факт е дека ова не е за секого. За РДСМ навистина да ви помогне со анксиозноста, потребно е да се препуштите на таквата активност бидејќи навистина сакате да го правите тоа. Истражувањата покажале и дека ефектите се поголеми за оние во улога на потчинети. Сепак, треба да најдете некој кој заедно со вас би се впуштил во практикување на нешто вакво и само тогаш, постои шанса ова да ви делува за намалување на стресот.

6-6-celosno-nekonvencionalni-nachini-za-borba-protiv-anksioznosta-kafepauza.mk_

6. Лебдење во резервоар со солена вода

Овие резервоари се темни, звучно изолирани и полни со солена вода загреана на температура која одговара на телесната температура на човекот. Оние кои ја користат оваа техника, влегуваат во резервоарот и пловат околу 1 час, целосно оставајќи го умот да им лута на некоја друга страна.

Доколку ова сѐ уште ви звучи како најлудата идеја за намалување на стрес која сте ја слушнале, сознанијата кои произлегуваат од примената на оваа техника сигурно ќе ве разубедат. Истражувањата покажале дека овој тип на лечење на анксиозноста е навистина ефективен и дава резултати како и многу други техники за намалување на стресот, меѓу кои медитацијата, терапијата и долгиот одмор. Солената вода, од друга страна, има позитивен ефект и на вашата кожа, хранејќи ја со потребното ниво на магнезиум.

5-6-celosno-nekonvencionalni-nachini-za-borba-protiv-anksioznosta-kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар