6 алтернативни употреби на лушпите од јајца на кои никогаш не би се сетиле

6 алтернативни употреби на лушпите од јајца на кои никогаш не би се сетиле

Освен тоа што е најчесто користена намирница како состојка во рецептите или оброкот, јајцето има низа вредности и откако ќе ја потрошиме неговата содржина. Со други зборови, лушпата од јајце е пријател на домот, а нејзините моќи ги користеле и нашите предци и тоа со добра причина. Ви претставуваме 6 паметни употреби на овој цврст оклоп.

1-6-upotrebi-na-lushpite-od-jajca-na-koi-nikogash-ne-bi-se-setile-www.kafepauza.mk_

1. Природен пестицид

Здробете ја лушпата од јајцето и со неа направете круг околу билките во градината. Лушпата ќе ги заштити билките од малите штетници како што се гасениците и полжавите, односно таа ќе делува како природен пестицид. Мирисот на јајцето, исто така, ќе штити од доаѓање на непосакуваните гости во градината.

2. Чистач на бигор

Ставете ги лушпите од јајце во кујнска крпа и здробете ги со помош на толчник или сукало. Потоа лушпата измешајте ја со јаболков оцет и користете ја како абразивно средство за отстранување на бигорот од мијалникот, термосот и садовите.

3. Кујнско помагало

На дното од јајцето направете дупка со дијаметар од половина сантиметар и нежно протресете го додека низ неа не излезе содржината на јајцето. Лушпата измијте ја под млаз млака вода, исушете ја и користете ја како калап за изработување, на пример, чоколадни јајца.

2-6-upotrebi-na-lushpite-od-jajca-na-koi-nikogash-ne-bi-se-setile-www.kafepauza.mk_

4. Најевтиниот водоинсталатер

Ситно издробете неколку лушпи од јајца, ставете ги во одводот и оставете ја водата да тече. Под млазот, лушпата минувајќи низ цевките на себе ќе ги насобере нечистотиите и маснотиите, односно ќе ги отстрани.

5. Средство против чешање

Лушпата од јајцето оставете ја во тегла заедно со јаболков оцет во период од 2 дена. Таа ќе омекне и ќе се создаде хомогена смеса што можете да ја користите при иритација на кожата и чешање, особено кај она кое е предизвикано од каснување од инсекти.

6. Дополнување на исхраната на домашните миленици

Ставете ја лушпата од јајцето во рерна за време од половина час при температура од 250 степени. Изладете ја и ставете ја во пластична вреќичка со затворач, а потоа иситнете ја со толчник. Здробената смеса ставете ја во храната на вашето куче како додаток на калциум за здрави коски и заби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар