57 теми за вашата следна забава

57 теми за вашата следна забава

Се ближи некаков повод за забава. Роденден, моминска вечер, некаква прослава, па дури и свадба, а вам ви е здодеано од секојдневните типични забави. Еве 57 идеи кои може да ви послужат како почетна база за забавата која следи. Секако ви оставаме простор вие да додадете уште нешто, да направите комбинација и да ја создадете вашата забава за паметење.

0-57-temi-za-vashata-sledna-zabava-kafepauza.mk

1. Арапска вечер

Инспирирајте се од Мароко. Бидете стомачни танчари, служете традиционален Арапски чај, земете традиционални фенери и егзотични ткаенини.

2. Оскари

Побарајте сите да се облечат како да ќе се движат по црвен тепих, па дури меѓусебно доделувајте си и оскари.

3. Мексиканска забава

Маријачи музика, сомбреро, гитари, маргарити од Маргарита барот кој сами ќе го направите и многу текила.

4. Забава од 20-тите

Секогаш се добар избор! Кој не сака да „растури“ со неговата најголема инспирација од дваесеттите години на минатиот век? Најдете облека која наликува на тогашната и не заборавајте ретро коктели.

5. Бал под маски

Гости со црни вратоврски и господа под маски. Не треба за ништо да се грижите, забавата сама ќе оди.

6. Црно-бела забава

Сместена во 60-те години на минатиот век, каде сите гости ќе бидат во црно-бели костими. Најдобриот дел е што ќе имате одлични слики од оваа забава.

2-57-temi-za-vashata-sledna-zabava-kafepauza.mk

7. Повторно во гимназија

Набавете пиво и играјте ги вашите омилени игри со пиење од средно училиште.

8. Ретро забава на базен

Облечете ретро костими за капење и изгледајте како „кремот“ на 50-те и 60-те години на минатиот век.

3-57-temi-za-vashata-sledna-zabava-kafepauza.mk

9. Каубојци и Индијанци

Ова е супер прифатлива идеа каде сите ќе носат нешто специфично од својата група – каубојска или индијанска.

10. Излет забава

Доколку имате двор, наместете ќебе за излет и пластични чаши и чинии и излетот може да започне!

11. Забава со лично ваши пици

Набавете веќе готово тесто и секакви можни додатоци за пица од печурки до ананас, буквално сè! Вашите гости нека се почувствуваат како да јадат во вистински италијански ресторан.

12. Вечер на игри

Монопол, карти, твистер и сите можни веќе познати друштвени игри.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар