500 години старо пророштво: Снегот што ја завеа Европа можеби е знак за крај на светот

Во светот постојат многу луѓе кои тврдат дека се пророци и дека имаат моќ да ја предвидат иднината. Сигурно сте чуле за Нострадамус и Баба Ванѓа и нивните пророштва, но тие не се единствените за кои се верувало дека можат да ги предвидат идните случувања.

500 години старо пророштво: Снегот што ја завеа Европа можеби е знак за крај на светот

Матео Тафури е познат како италијанскиот Нострадамус и тој пред неговата смрт во 1582 година предвидел дека кога градот Саленто во јужна Италија ќе биде два дена по ред завеан во снег, може да се очекува крај на светот.

Иако ова никогаш досега се нема случено, на почетокот на 2017 година во Саленто врнело снег и тоа точно два дена по ред.

500 години старо пророштво: Снегот што ја завеа Европа можеби е знак за крај на светот

Зборовите на Тафури биле следниве:

„Саленто од палмови дрвја и јужен ветер, силниот Саленто… Два дена снег, два блесоци на небото, знам дека тоа е крајот на светот, но не го посакувам.“

500 години старо пророштво: Снегот што ја завеа Европа можеби е знак за крај на светот

Секако дека ваквите пророштва не треба да се земаат здраво за готово, бидејќи досега имало многу такви предвидувања кои претскажувале апокалипси и природни катастрофи, меѓутоа не се оствариле. Сепак, мора да признаеме дека ваквите теми на разговор се интересни за дебата и дискусија, така што слободно можете и вие да влезете во улога на пророци и да дадете ваше мислење околу можниот крај на светот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар