5 закони за користење клима уреди кои никако не смеете да ги прекршите

5 закони за користење клима уреди кои никако не смеете да ги прекршите

Целта на вградувањето клима уред во просторијата е да создаде пријатни услови за живеење и работа, особено во топлите летни денови. Но, нивното користење може да има и негативни последици кои лесно можат да се избегнат доколку се придржувате до основните правила. Во спротивно, би можеле да завршите на лекар со некои од симптомите кои се манифестираат како хронично воспаление на синусите, силна главоболка или вкочанети мускули. Овие здравствени тежини ги погодуваат личностите од сите возрасти, па токму затоа погледнете како да се заштитите…

5 закони за користење клима уреди кои никако не смеете да ги прекршите

1. Разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не смее да биде преголема, односно не повеќе од 7 до 10 степени. Во спротивно организмот не би можел да се прилагоди на промената кога ќе излезете од просторијата и ќе му делува како шок кој негативно влијае врз здравјето. Долготрајното изложување на студ влијае и врз работата на метаболизмот. Циркулацијата е забавена, па токму затоа и сите други активности во мускулите, крвните жили и живците се одвиваат побавно.

2. Најдобро е прво да ја оладите просторијата, а потоа да го исклучите клима уредот и да влезете внатре. Исто така пред да излегувате на надворешната температура, прво дозволете му на организмот да се навикне така што климата ќе ви биде исклучена. Особено внимание обрнете на најмладите бидејќи кај нив климатизираните простории можат да доведат и до воспаление на ушите.

3. Одржувањето и чистењето на клима уредите е од голема важност. Филтерот низ кој излегува оладениот воздух треба да се чисти барем еднаш годишно, бидејќи влажната и нечиста подлога е идеална област за развој на штетни микроорганизми од кои дел можат да предизвикаат и воспаление на белите дробови. Во сезоната на користење клима уреди, препорачливо е и да се дезинфицираат со соодветно средство.

4. Клима уредите никогаш не треба да дуваат директно во вас. Исто така, мора да бидат поставени онаму каде што нема да му сметаат на протокот на воздухот. Врз правилната работа на вентилите може да смета мебелот, па токму затоа направете го оптималниот распоред во просторијата со цел да го овозможите тоа.

5. Обрнете внимание врз тоа колку топлина влегува низ прозорот во текот на денот со цел поекономично да трошите струја. Ова е многу важно бидејќи климата се „бори“ со топлиот воздух така што троши повеќе струја, па во зависност од силината на сонцето, отворајте ги и затварајте ги прозорите со цел што помалку топлина да влезе во просторијата. На овој начин ќе ѝ ја олесните работата на климата и ќе го продолжите нејзиниот рок на траење, додека истовремено и ќе заштедите пари за струја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар