5 вида есенски објави на социјалните мрежи кои треба да се забранат со закон

Есента е навистина прекрасна. Времето не е ниту премногу топло ниту премногу ладно, пејзажот е неверојатен, облеката удобна, а храната вкусна и здрава. Тешко е да се издржи и да не се објават еден куп фотографии на социјалните мрежи кои ја отсликуваат есента, но многу е лесно да се претера со тие типични есенски објави. Доколку не сакате да им бидете напорни на вашите пријатели, ова се 5-те објави кои треба да ги одбегнувате периодов…

1. Стапала и лисја

5 вида есенски објави на социјалните мрежи кои треба да се забранат со закон

Стапала во снег, стапала во песок, стапала во море, стапала насекаде! Можете да ја поштедите барем есенва од таквите фотографии! Златножолтите лисја се навистина прекрасни, но најдете нов начин за да ја искажете вашата љубов кон есента. Зошто да не направите Boomerang од тоа како фрлате лисја, на пример? Бидете креативни!

2. Вашата шолја за кафе

5 вида есенски објави на социјалните мрежи кои треба да се забранат со закон

Сигурни сме дека кафето што го пиете во уникатната шолја е превкусно, но навистина не мора тоа да го докажувате. Да, натписот на вашата шолја е смешен, но верувајте дека не е толку интересен колку што мислите.

3. Топло чоколадо и книга

5 вида есенски објави на социјалните мрежи кои треба да се забранат со закон

Овој тип на фотографија има земено речиси исто толкав замав како и фотографиите со книга на плажа! Сигурно и вие сте направиле фотографија од вашите удобни ќебенца и онаа амбициозна книга што сакате вашите следбеници на Инстаграм да мислат дека навистина ја читате. Нормално, без топло чоколадо и хаштагови сликата не е целосна!

4. Скриншотови од тоа колку изнесува температурата надвор

5 вида есенски објави на социјалните мрежи кои треба да се забранат со закон

Вашата апликација за временска прогноза ви покажува дека надвор е сончево и има 30 степени Целзиусови сред октомври. Неверојатно! Но, сепак никому не му е гајле за тоа…

5. Слики од ајвар

5 вида есенски објави на социјалните мрежи кои треба да се забранат со закон

Ајварот е највкусното нешто што постои на планетава Земја, но освен ако вие самите не сте ги лупеле пиперките и не сте го приготвувале, фотографиите не доаѓаат предвид!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар