5-те најинтересни места во светот до кои луѓето немаат пристап

Постојат многу интересни места на планетата Земја, кои за жал поголемиот дел од нас никогаш нема да можат да ги посетат. Но, има и добри причини зошто овие локации се толку недостапни. Таквите места секогаш привлекуваат голем интерес кај туристите и авантуристите, иако невозможно е да се стигне до нив. Ние ќе ви откриеме дел од тајните на овие дестинации и ќе ви овозможиме да ѕирнете што кријат тие во себе…

1. Оперативен центар за вонредни ситуации на планината Ведер, Вирџинија

5-те најинтересни места во светот до кои луѓето немаат пристап

Влезот им е дозволен само на функционери од највисок ранг

Планината Ведер ја крие тајната воена база на американската влада. Таа се наоѓа под планината и нејзината улога е да ја заштити земјата во случај на катастрофа и други вонредни ситуации. Некои од градбите на центарот се изградени на површината на земјата и нив ги чуваат посебно обучени безбедносни служби. Внатре, во центарот владеат посебни закони, а влезот е строго забранет за сите обични луѓе.

2. Свалбард, светскиот сеф за семки во Норвешка

5-те најинтересни места во светот до кои луѓето немаат пристап

Складиште кое може да се искористи само во случај на катастрофа

На Шпицбершките Острови во Норвешка, на длабочина од 120 метри, изграден е тунел со константна температура од -18 степени Целзиусови. Влажноста се одржува на минимум, а климата во тунелот се регулира со помош на автоматски систем. Тука се наоѓа последната надеж на човештвото да го оживее природниот свет во случај на неочекувана катаклизмична појава. Во фрижидерите има семки од агрикултурата на сите светски земји и токму поради тоа ниту еден човек не смее да влезе тука. Ризикот од можноста да се уништат последните шанси на човекот да преживее во случај на катастофа е преголем!

3. Резервоарот Вале до Јавари, Бразил

5-те најинтересни места во светот до кои луѓето немаат пристап

Местото е изолирано за да се заштитат домородните племиња

Домородните племиња живеат во амазонските џунгли со векови. Во резервоарот Вале до Јавари постојат околу 14 племиња кои никогаш не го виделе надворешниот свет и чиј живот се врти околу земјоделството. Истражувачите откриле дека таму постојат 8 села и процениле дека вкупната популација на домородни луѓе изнесува околу 2.000 жители. Со цел да им обезбедат постојана заштита и за да можат да го зачуваат нивниот начин на живот, властите им забраниле на луѓето да влегуваат во оваа област на амазонската дождовна шума.

4. „Клуб 33“, Њу Орлеанс

5-те најинтересни места во светот до кои луѓето немаат пристап

Тајно друштво недостапно за сите обични луѓе

Во 1967 година, Волт Дизни основал клуб на познати инвеститори, значајни јавни лица и политичари. Никогаш нема да добиете покана за да го посетите „Клуб 33“, бидејќи она што се крие зад интригантната врата останало мистерија за обичните луѓе до ден денес. Но, ако навистина „умирате“ од љубопитност, можете да го посетите клубот ако чекате 14 години и платите почетна цена од 10.450 долари за индивидуален влез или 27.500 долари за компании. Освен тоа, секоја година ќе треба да плаќате по 3.275 или 6.100 долари за да го зачувате членството во клубот.

5. Магнетниот остров Ес Ведра

5-те најинтересни места во светот до кои луѓето немаат пристап

Забранет пристап за да се заштитат луѓето од влијанието на непредвидливите магнетни сили

Ес Ведра припаѓа на Балеарските Острови во Шпанија и се смета за една од најмоќните геомагнетни сили на Земјата (другите се Бермудскиот триаголник и Северниот пол). Островот нема никакви метални остатоци, бидејќи целосно е формиран од вулкански камења. Тука сите технолошки уреди престануваат со работа и не се ни обидувајте да користите компас, затоа што стрелката ќе се врти хаотично во различни насоки. Постојат многу легенди и приказни за мистериозниот Ес Ведра. Шпанската влада ги забранила посетите на островот и го прогласила за природен резерват. Се вели дека Шпанците понекогаш организираат нелегални екскурзии на островот. Легално е само да го набљудувате брегот на островот од далеку.

Во продолжение прочитајте и за 5-те најмистериозни места на Земјата каде туристичките посети се забранети.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар