5 тајни знаци кои ги испраќа вашето тело

Говорот на телото, односно невербалната комуникација не е формален јазик како вербалната комуникација. Но, сепак постојат неколку суптилни сигнали кои често настануваат без нашето знаење и можат да имаат моќно влијание врз другите луѓе. Погледнете ги најчестите и најмалку познатите телесни знаци кои сите ние несвесно ги испраќаме…

5 тајни знаци кои вашето тело ги испраќа

Подигнување на веѓите

Брзото и несвесно подигнување на веѓите се случува кога ќе забележиме личност која ја познаваме. На свесно ниво, ние често знаеме да го употребиме ова движење како суптилен поздрав, но истражувачот Иренаус Ејбл-Еибесфелд долго време го истражувал овој гест и верува дека станува збор за универзален знак на препознавање.

Проширување на зеницата

Серија од студии открила дека фотографиите од привлечните жени биле оценети повисоко доколку нивните зеници биле проширени. Овој феномен им бил добро познат дури и на жените кои живееле во антички Египет, па токму затоа ставале отровна беладона во своите очи со цел да си ги прошират зениците.

Гестот „длабока чинија“

Овој гест настанува кога ги движиме нашите раце симетрично и синхронизирано нагоре, притоа формирајќи со нив еден вид „длабока чинија“. Овој гест настанува кога личноста разбира нешто, па со ова движење како да сака да каже „Имам сè тука пред мене“. Најчесто ова движење се прифаќа многу позитивно од страна на набљудувачите и овозможува оваа личност да биде сфатена како мудра.

Лажна насмевка

Со помош на интензивните истражувања од страна на Пол Екман и неговите колеги, тие успеале да ја најдат разликата помеѓу вистинските насмевки, оние кои покажуваат искрени емоции на среќа и лажните насмевки, кои можеби прикриваат некоја друга емоција. Клучот се крие во очите. Кога искрено се смеете, вие го правите тоа и со очите, така што тие се стеснуваат и во надворешните краеви се појавуваат линии кои наликуваат на нозе од чавка. Што се однесува до лажните насмевки, тие најчесто се појавуваат во ситуации кога сакаме да кажеме „Се смеам, но не уживам во ова“.

Гестот „палка“

Овој гест вклучува затворена тупаница, во која палецот е подигнат нагоре и е еден од најефективните техники на позитивен начин да ставите акцент на она што го говорите.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар