5 работи кои само најдобрите пријатели можат да ги направат за нас

Пријателството е магична работа. Станува збор за личност која е постојано до вас, за добро и за лошо, со која можете да бидете најлуди и најоткачени и која ќе ве сака и покрај тоа. Пријателите се луѓе без кои не можеме и како такви тие имаат невидено влијание врз нас и нашиот живот. Кажувајќи им ја секоја тајна, секоја болка и секоја радост, тие понекогаш нè познаваат и подобро одошто ние самите се познаваме себеси.

(1)-5-raboti-koi-samo-najdobrite-prijateli-mozhat-da-gi-napravat-za-nas-kafepauza.mk

Но, што кога и науката ќе потврди дека пријателите имаат огромно влијание врз квалитетот на нашиот живот? Едно истражување спроведено на 8 милиони повици направени од страна на 2 милиони луѓе во текот на 1 година покажало дека главната причина за траењето на врските е рамнотежата – враќање на повикот кога некој ќе ви се јави и одвојување време за оние кои ви значат. Инвестирањето во пријателството е главен знак за тоа колку истото ќе трае. Како што и самите учесници во истражувањето се изјасниле, најважната функција на пријателството според нив е тоа што имаат некој покрај себе, некој кој е тука и поради чие присуство тие се чувствуваат убаво.

Но, што навистина значи да имаме вистински пријатели?

1. Пријателите ни го продолжуваат животот

Студијата која се состои од 148 различни истражувања покажала дека оние луѓе кои имаат здрави пријателски врски имаат и 50% поголеми шанси да живеат долг живот. Земајќи ги во предвид факторите како возраста, полот, здравствената состојба, причината за смрт, како и гледајќи во мал временски период после тоа, резултатите од овие истражувања се покажале како веродостојни во секоја ситуација. Уште повеќе, колку личноста имала поразгранета мрежа пријатели, толку повеќе уживала во придобивките кои доаѓаат со нив.

2. Пријателите нè поддржуваат низ најголемите животни предизвици

Резултатите од повеќе истражувања покажуваат дека пријателите имаат моќ да ни помогнат во совладувањето на најголемите предизвици со кои се соочуваме во животот. Дали играјќи ја улогата на терапевт или, пак, само со држењето на нашата рака тие го намалуваат стресот кој го чувствуваме, ни помагаат да ја расчистиме маглата пред нас и да го видиме позитивното во секоја ситуација.

3. Пријателите нè тераат да бидеме најдобри што можеме

Кога најмногу се сомневаме во себеси, кога мислиме дека нема каде понатаму, верувајќи дека не можеме ништо повеќе од тоа што сме, пријателите се оние кои нè поттикнуваат да направиме уште барем еден чекор понатаму. Тие ни ги отвораат очите кон истражување нови работи, созревање и постигнување повеќе од моменталниот максимум за кој сме мислеле дека е толку. Пријателствата нè тераат да ги зграбиме приликите кои се наоѓаат на нашиот пат, да ги рашириме нашите видици и да се оспособиме себеси за повеќе, притоа, како што многу истражувања покажале, да добиеме јасна слика за смислата на животот.

4. Ни помагаат што повеќе да уживаме во животот

Приредувајќи ви го задоволството кое произлегува од пријателството, вашите пријатели несвесно се грижат вие да уживате повеќе во животот. Како една од главните состојки во смесата на задоволството, пријателството ве исполнува, ве теши, ве смее и ве прегрнува, а најмногу ви дава личност со која може да споделувате неверојатни моменти. Со други зборови, пријателите се уживање кое ве прави посреќни.

5. Го штитат нашето ментално здравје

Кој било начин и да го одберете, од најбаналното смеење за секојдневни работи, па сè до држењето за рака кога ви е најмногу потребно, факт е дека пријателите се оние кои нè спречуваат целосно да полудиме. Тие го штитат нашето ментално здравје на тој начин што кога и да имаме потреба, тука се да нè ислушаат и расположат, обезбедувајќи ни ја потребната поддршка која ни е неопходна во тие моменти и секогаш обидувајќи се да ја разведрат ситуацијата.


За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар