5 работи кои не сте ги знаеле за чевлите

5 работи кои не сте ги знаеле за чевлите

Автор: Сара Турановиќ

Што навистина знаете во врска со чевлите? Дали ја знаете вистинската приказна зад црвената боја на штиклите Лубутан? Тогаш бидете подготвени да ја откриете. Ви ги презентираме овие 5 интересни факти кои ќе ви откријат нешто повеќе за вашите омилени чевли.

5 работи кои не сте ги знаеле за чевлите

1. Мажите први носеле штикли

Во десеттиот век, мажите кои јавале на коњ задолжително морале на своите чизми да носат штикла за да спречат лизгање на ногата. Како што поседувањето коњ било знак на богатство, штиклите биле знак на аристократија и висок социјален статус.

5 работи кои не сте ги знаеле за чевлите

2. И Античките Грци носеле висока пета

Кога Античките Грци настапувале во претставите, костимите биле главен индикатор на карактерите. Актерите кои глумеле во трагедии носеле сандали кои имале подигната платформа, за да симболизираат супериорност над комичните ликови.

5 работи кои не сте ги знаеле за чевлите

3. Зошто познатите Лубутанки имаат црвен ѓон?

Лубутан сакал да направи чевли инспирирани од познатата слика на Ворхол, „Цвеќе“. Кога штиклата пристигнала, тој сè уште мислел дека сликата е поубава од неговиот модел. Тогаш ја здогледал својата асистентка како ги лакира ноктите во црвена боја. Го земал нејзиниот лак и го намачкал ѓонот со јака црвена боја.

5 работи кои не сте ги знаеле за чевлите

4. Одри Хепберн ги направи мокасините вистински тренд

Таа ги воведе мокасините во женски стил. На мажите им изгледале одлично, зошто не би им стоеле и на жените? Ги прослави во филмот „Смешно лице“ во 1957 година. Таа играше во црни кожни мокасини.

5 работи кои не сте ги знаеле за чевлите

5. Чевлите „Доктор Мартинс“ биле чевли за работа

Оригиналните „мартинки“ биле креирани од страна на Германецот, доктор Мартинс и неговиот пријател доктор Фуник, кои измислиле чевли со воздушен ѓон. Британците овие рачно изработени чевли ги вовеле во 1960 година. Тие биле погодни за работниците поради нивниот лесен ѓон, но вистински хит станале во седумдесеттите преку панк движењата во Велика Британија.

5 работи кои не сте ги знаеле за чевлите

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар