5 причини зошто треба да им се радувате на вашите 30-ти години

Постои општо прифатено верување дека 20-тите години се најдобрите од животот на луѓето. Годините во кои имаме најмногу слобода, среќа и исполнетост. Но, реалноста е малку поинаква. Точно, 20-тите години се незаменливи, но тоа важи и за секоја друга декада од вашиот живот. Имајќи го тоа на ум, 30-тите сепак се издвојуваат од останатите декади, бидејќи додека тие траат, вие можете да постигнете многу повеќе одошто сте замислиле. Еве зошто…

5 причини зошто треба да им се радувате на вашите 30-ти години

1. Вие знаете точно кои сте

Кога сте во вашите 20-ти години, поголемиот дел од времето се обидувате да ја откриете личноста која навистина сте. Но, како што годините поминуваат, така вие развивате поголема свесност за вас и вашите потреби, а со тоа без сомнение влегувате и во период на поголема исполнетост. Точно знаете што ќе прифатите, а што не од другите. Исто така знаете и точно што сакате од вашиот живот или пак, ако ништо друго, барем што не сакате.

2. Вашиот живот се движи онаму каде што сакате

Со оглед на тоа што точно знаете што сакате од вашиот живот, вие сте во мир со своите одлуки, дури и со оние лошите бидејќи знаете дека без нивна помош никогаш не би станале личноста која сте денес. Вашите 30-ти се можност да запознаете многу луѓе со истото размислување како вашето и со истите погледи кон животот. Тоа значи и дека кругот на пријатели ќе ви се намали, но тоа е сосема во ред бидејќи во него ќе останат само оние кои навистина сакате да бидат покрај вас.

3. Сте престанале да се грижите за мислењето на другите

Вие конечно можете да бидете вистинските вие, бидејќи повеќе не се грижите за туѓото мислење. Без разлика дали станува збор за вашата кариера, или пак, за семејството, вие сте доволно зрели да знаете дека единствениот начин на кој можете да бидете вистински среќни е доколку живеете според вашите сопствени верувања. Со неколку зборови, вие сте слободни да правите сè што сакате, сè додека тоа е во вашите граници на дозволеното.

4. Сте научиле многу за поставувањето граници

Без разлика дали станува збор за шефот, пријателите или семејството, вие точно знаете како да поставите граници со луѓето во вашиот живот. Тоа е многу потешко да се направи во 20-тите со оглед на фактот што имате многу мало искуство за важните нешта во животот. Но, во 30-тите одеднаш почнувате да сфаќате дека немате време за сè што другите сакаат и дека мора ефективно да го поделите слободното време со цел сите да бидат задоволни, вклучувајќи ве и вас.

5. Можете да си дозволите поквалитетни нешта

Сигурно досега веќе имате постабилна работа и повисока функција, овозможувајќи ви да си дозволите поскапи мали задоволства. Без разлика дали станува збор за поквалитетни високи потпетици или пак, за моќното одело кое подолго време сте го посакувале, вие знаете како да ги распоредите вашите финансии со цел да си дозволите повеќе нешта. Да, можеби сè уште ќе треба да чекате за куќата од соништата, но што се однесува до помалите нешта, целосно сте покриени.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар