5 необични работи кои укажуваат на висока интелигенција

Научниците подолго време се обидуваат да пронајдат врска помеѓу интелигенцијата и одредени човечки карактеристики. Според некои истражувања, овие 5 нешта нè прават поинтелигентни.

5 необични работи кои укажуваат на висока интелигенција

1. Лошо расположение

Никој не сака лошо расположени луѓе, но научниците велат дека понекогаш треба да бидеме благодарни за таквите моменти, бидејќи тие нè прават поинтелигентни.

Повеќе студии се занимавале со оваа врска. Во една студија австралискиот истражувач Џои Форгас утврдил дека тешкотиите и тагата ја подобруваат обработката на информации кои се потребни за решавање на комплексни ситуации. Друга студија која се спровела во Училиштето за бизнис во Колумбија, покажало дека чинот на муртење ни помага да останеме фокусирани на своите мисли, бидејќи така повеќе внимаваме на деталите.

2. Ексцентричност

Ексцентричноста не може лесно да се дефинира и измери. Генерално, за ексцентрични луѓе се сметаат оние кои имаат необично однесување што отскокнува од општествените норми, но кое пак не е опасно за самото општество.

Некои докази упатуваат на тоа дека креативните интелектуалци се склони на ексцентричност, која е карактеристична и за самите научници. Иако не постојат официјални научни трудови кои можат да ја поткрепат оваа врска, сепак ако ги погледнеме некои од најголемите генијалци на сите времиња како Никола Тесла и Алберт Ајнштајн, оваа теорија ни станува лесно прифатлива.

3. Влакнести гради (важи само за мажи)

Во една студија која ја спровел д-р Aikarakudy Alias е пронајдена релација помеѓу влакнестото тело и интелигенцијата. Наместо да го набљудува само IQ-то на испитаниците, тој го следел и односот измеѓу влакната на телото и степенот на образование.

На крајот на студијата, д-р Алијас утврдил дека машките кои биле студенти или апсолвенти имале повеќе влакна од оние кои работеле физичка работа. Исто така заклучил дека оние студенти кои се истакнувале според интелигенцијата биле повлакнести од останатите. Неговата работа била фокусирана на влакната на градите, но истражувањето покажало и поврзаност на влакната на грбот кај мажите со интелигенцијата.

4. Среќа

Во минатото се сметало дека високиот степен на интелигенција е поврзан со депресијата и лошото расположение. Не е чудно кога ќе се земе предвид дека многу луѓе во минатото си го имаат одземено животот, паѓале во депресија или полудувале. Сепак, кога набљудуваме од денешна перспектива, нивното лошо расположение и депресијата може да се припише на времето и средината во која живееле. Факт е дека тие биле на чекор пред своето време и затоа биле несфатени од останатите.

Една студија спроведена во Велика Британија на Универзитетот во Лондон покажала дека поголема е веројатноста луѓето со понизок степен на интелигенција да бидат понесреќни од оние кои се поинтелигентни. Нивната студија вклучила 6.870 испитаници и покажала дека ниската интелигенција често е поврзана со ниските примања и лошото ментално здравје кои значајно придонесуваат за незадоволството и лошото расположение.

5. Леворакост

Нашиот мозок е поделен на две половини, и иако двете се подеднакво важни, сепак измеѓу нив постојат некои разлики. Кај луѓето, како и кај многу други цицачи, едната страна на мозокот е подоминантна, што е и една од причините што пишуваме само со една рака.

Некои студии покажуваат дека леворакоста е поврзана со повисок степен на интелигенција. Во голем број случаи, леваците имаат повеќе бодови на тестовите за интелигенција, а често и побрзо ги завршуваат од деснаците. Исто така, факт е дека многу повеќе леваци имаат повисок IQ од 140, што ги сместува во категоријата гении. Тоа е веројатно и причината зошто има повеќе леваци во креативните професии како музиката, уметноста и пишувањето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар