5 најдобри покерџии на сите времиња

За покерот се смета дека во голема мера е игра на среќа. Оној што при делењето ќе добие најдобри карти, тој ќе го собере пленот. Но, ако тоа беше точно тогаш немаше постојано истите луѓе да бидат најдобри во оваа игра. Нивниот успех, покрај извесното количество среќа се должи и на вештини кои им помагаат да победат. Од сите кои си ја пробале среќата или се обиделе да научат како да играат покер, овие петмина постигнале најмногу.

5 најдобри покерџии на сите времиња

5. Фил Хелмут

Иако Фил Хелмут има освоено најмногу турнири во покер, многумина не го сметаат и за најдобар покерџија на сите времиња поради тоа што изгубил неколку важни битки кои лесно можел да ги добие. Како и да е, рекордот по бројот на титули го сместуваат меѓу петте величествени.

5 најдобри покерџии на сите времиња

4. Џони Мос

Џони Мос важи за најдобриот кога станува збор за игра меѓу само двајца играчи. Според една легенда, тој во четириесеттите во една игра успеал да освои неверојатни 4 милиони долари, што ако се има предвид инфлацијата би го направило најуспешен на сите времиња. Во 1970 година Мос бил избран за најдобар играч во светот од страна на другите играчи, а една година подоцна го освоил и првиот организиран турнир воопшто.

5 најдобри покерџии на сите времиња

3. Фил Ајви

Со над 20 милиони долари заработени само од играње покер, сè уште младиот покерџија Фил Ајви има шанси да стигне до многу поголеми височини. Останатите играчи се сложуваат дека тој е најтешкиот денес активен противник. За жал, сè уште нема освоено некој позначаен натпревар, а тоа фрла сенка на неговите огромни играчки и финансиски успеси.

5 најдобри покерџии на сите времиња

2. Дојл Брансон

Иако просечен играч ќе се повлече од играта во Холд’ем ако добие комбинација од 10 и 2, денес многумина продолжуваат да ја играат во чест на Дојл Брансон, кој успеал да победи на турнир со оваа доста лоша комбинација. Втор е на вечната листа после Фил Хелмут, а неговата книга „Супер систем“ е задолжителна литература за секој кој сака сериозно да се занимава со покер.

5 најдобри покерџии на сите времиња

1. Стју Унгар

Не бил активен играч долго време и поради тоа нема голем број победи на турнири, но сите се сложуваат дека Стју Унгар е најголемиот покерџија на сите времиња. Бил незапирлив. Немал вистински противник, освен самиот себе. За него се верува дека можел да победи дури и без да ги види своите карти, затоа што имал неверојатна способност да оцени што има противникот в раце. Долги години бил отсутен од натпреварите поради зависност од дрога, а заработката најмногу ја трошел на обложување на коњски трки и спортски натпревари. Починал во 1998 година, најверојатно како последица на предозирање со дрога.

5 најдобри покерџии на сите времиња

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар