5 начини на кои животните покажуваат човечки емоции

Иако ние сакаме на животните да им припишуваме човечки особини, науката досега потврдила само дека нивното однесување се базира само на инстинкти. Но, некои од нив сепак имаат некакви сличности со нас кои ги покажуваат преку емоции за кои сме мислеле дека може да се појават само кај луѓето.

Гулабите се суеверни

Познатиот психолог Скинер ставил неколку гулаби во кафез во кој преку посебен механизам во определен временски интервал им пуштал храна. Тие ја обожавале, едвај чекале таа да пристигне за да ја изедат, за на крај да се обидат да пронајдат начин како да направат да „им падне од небо“ уште повеќе од неа. Скинер забележал дека иако веќе биле нахранети, не можејќи да разберат дека храната пристигнува после определен временски период, гулабите почнале да повторуваат одредени поведенија со кои „ја повикувале“ порано да дојде. Некој сметал дека треба да се заврти три пати околу себе, друг дека треба неколку пати да ја заниша главата, а трети правеле сосема поинакви движења со главата, но важно е тоа што секој од нив развил сопствен систем на верување.

5 начини на кои животните покажуваат човечки емоции

Тигрите се одмаздољубиви

Постојат два случаи во кои тигрите на многу суров начин ја демонстрирале својата склоност кон одмазда. Првиот се случил во 1997 година во зоолошката градина во Сан Франциско на Божиќ кога тројца млади луѓе во неможност да си направат забава на попаметен начин одлучиле да го задеваат тигарот додека мирно си седел во својот кафез. Тој трпел, а неколку минути откако си заминале ја прескокнал оградата на неговиот кафез, прескокнал уште неколку огради преминувајќи низ толпа луѓе и ги фатил тројцата кои се изживувале со него. Едниот го убил на самото место, а другите двајца потешко ги повредил. Иако имало уште многу луѓе околу тигарот, тој не допрел никој друг туку само оние на кои сакал да им се одмазди.

Приказната на рускиот ловец Владимир Марков е уште поморничава. Во 1997 година тој бил на лов на тигри, но потенцијалниот плен успеал да се извлече. Марков мислел дека го гледа тој тигар за последен пат, но нивната следна средба се случила малку подоцна кога пристигнал во својата ловџиска колиба. Откако претходно во колибата искинал сè што мириса на него, ранетиот тигар на самиот праг го почекал ловецот да се врати од лов.

5 начини на кои животните покажуваат човечки емоции

Слоновите ги оплакуваат мртвите

Кога еден слон ќе почине, останатите од неговиот вид се собираат околу трупот или коските и го оплакуваат галејќи го со своите сурли. Исто така, можат да ги соберат коските и да ги „закопаат“ под слој од лисја или под некоја грмушка. Неретко се случува повеќемина да погребаат на исто место и со тоа да направат свои гробишта.

5 начини на кои животните покажуваат човечки емоции

Стаорците не ги оставаат пријателите во неволја

Стаорците не живеат во групи. Тие се грижат само за тоа да стигнат до храна и да го продолжат својот вид. Но, кога група научници прво оставиле два стаорци во ист кафез извесно време, а потоа ги разделиле со ѕид, биле изненадени кога едниот почнал да гребе по ѕидот во обид да го врати пријателот назад. Му била оставена храна на дофат, но тој не се грижел за неа, туку сакал само да го ослободи другарот во неволја. Кога научниците го пуштиле заробениот стаорец, другиот дури му понудил дел од својата храна.

5 начини на кои животните покажуваат човечки емоции

Мувите со алкохол ја лечат невозвратната љубов

На мувите–женки поретко им е до парење отколку на мажјаците, па затоа на вторите не секогаш им е возвратена љубовта. Група научници прво предизвикале ваква ситуација, при што на располагање за експеримент имале една мува–мажјак која го освоила срцето на партнерката и една која не успеала во тоа. И на двајцата им дале по една порција нормална храна и една која содржела алкохол. Разочараната мува побрзала да се удави во алкохолот, за разлика од среќната.

5 начини на кои животните покажуваат човечки емоции

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар