5 начини на кои селфињата прават да се чувствувате подобро

5 начини на кои селфињата прават да се чувствувате подобро

Без разлика дали сте млади или стари, селфињата се претворија во епидемија. Една студија која настанала од проект наречен „Selfiecity“, ни покажува дека тие се многу повеќе популарни кај жени над 40 години отколку кај мажи над 40. Но, дали оваа заинтересираност може да се поврзе и со нешто друго освен несигурноста и нарцизмот? Погледнете ги следниве придобивки кои сите луѓе ги чувствуваат кога прават селфи фотографии…

5 начини на кои селфињата прават да се чувствувате подобро

1. Имате контрола над фотографијата

Многу луѓе не се чувствуваат пријатно да бараат од непознати луѓе да ги фотографираат, па токму затоа благодарение на селфито можете во кое било време или место сами да го овековечите моментот. Исто така можете да ја направите токму онаа фотографија која сте ја замислувале во вашата глава.

2. Ги прифаќате дури и вашите најмали маани

Големи се шансите дека ќе направите барем 100-тина фотографии пред да го добиете совршеното селфи. Токму затоа и ќе се фотографирате од различни агли, а додека го правите ова ќе можете детално да го анализирате вашето лице, откривајќи ги сите несовршености, а потоа и засакувајќи ги како дел од вас.

3. Со нивна помош можете да го почувствувате присуството на личност која е далеку од вас

Доколку сте оддалечени од личност која многу ви значи, доволно е да добиете само едно селфи од неа или него со цел веднаш да се почувствувате како тие да се покрај вас. Барем на неколку секунди. И оваа фотографија ќе остане во вашиот мобилен каде што можете да ѝ пристапите во секој момент.

4. Потајно се охрабрувате да се прифатите онакви какви што навистина сте

Голем број луѓе се борат со срам или ниска самодоверба. Токму затоа и способноста да се направи селфи и да се објави пред целиот свет е огромен чекор при прифаќање на оние личности кои сте. Вие на овој начин покажувате дека сепак има нешто што го сакате кај себе, но дека е потребно време да излезе на површината.

5. Горди сте на себе, дури и доколку фотографијата не е совршена

Луѓето прават селфи на многу чудни места. На пример, во теретана, каде што никој не изгледа најдобро што може. Но, ова само ни покажува дека луѓето кои вежбаат се горди на своите постигнувања и токму тоа се обидуваат да го покажат со селфито.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар