5 моќни и влијателни жени во светот на политиката

Жените сè повеќе се пробиваат во светот на политиката, рушејќи ги родовите стереотипи и потврдувајќи дека не е лесно да се биде успешна жена во машкиот свет, но не е и невозможно. Овие жени знаеле да целат на високо и да не се обесхрабрат по неколку ниски удари и неуспеси. Ова се дел од најмоќните и највлијателните жени во политиката кои со сигурност ќе остават белег со своето постоење и ќе послужат како инспирација за многу млади жени во иднина.

1. Хилари Клинтон

Хилари Клинтон, родена на 26-ти октомври 1947, останува забележана не само во американската туку и во светската историја, по својата импозантна улога во американската политика. Како сопруга на поранешниот американски претседател, Бил Клинтон, Хилари ја има титулата прва дама на САД од 1993 до 2001.

5 моќни и влијателни жени во светот на политиката

Од 2001 до 2009-та година, Хилари е американски сенатор, а во меѓувреме ја изјаснува својата намера да се кандидира за претседател во 2008-мата. Сепак, на прелиминарните избори се покажа дека од Демократската партија Обама ги ужива симпатиите на мнозинството. Со оглед на нејзината моќ, способност и популарност, Хилари Клинтон од 2009 до 2013, е државен секретар на Америка.

2. Кристин Лагард

Меѓу жените во политиката, орденот за феме фатале со сигурност ѝ припаѓа на Французинката Кристин Лагард. Родена на 1-ви јануари 1956, Лагард може да се пофали со титулата „првата жена што…“ во многу работи. Лагард е политичар, адвокат, а од 2011 е извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, воедно и првата жена која застана на чело на ММФ. Таа е првата жена со функција министер за финансии, но Франција ќе ја памети и по статусот на министер за економски врски и финансии, министер за агрикултура и риболов како и министер за транспорт.

5 моќни и влијателни жени во светот на политиката

Покрај тоа, Лагард е првата жена-претседател на интернационалната адвокатска фирма Baker and McKenzie. Таа се вбројува во 35-те најмоќни личности во светот и 8-те најмоќни жени според Форбс.

3. Ангела Меркел

Ангела Меркел е поранешен научник и влијателна личност во германската политика. Од 2000-та е лидер на Христијанско-демократската унија, а од 2005-та, таа е државен канцелар на Германија. Меркел е првата жена која се закитила и со двете претходно наведени функции. Таа е опишана како де факто лидер на ЕУ, а според Форбс во 2012-та е рангирана како втора највлијателна личност во светот (највисоко место што некогаш го достигнала една жена), додека моментално е на 5-тото место.

5 моќни и влијателни жени во светот на политиката

4. Дилма Русеф

Родена на 14-ти декември 1947 и ќерка на бугарски имигрант, Дилма Русеф е 36-тиот претседател на Бразил, воедно првата жена претседател на федеративната република Бразил. Претходно, во времето на претседателот Луис Инасио, Руселф била највисоко рангиран член на извршниот кабинет во Бразил, со чин помошник на претседателот.

5 моќни и влијателни жени во светот на политиката

Дилма Руселф е челичната дама на Бразил. Имено, во 70-тите Руселф била затворена и измачувана во затвор, преживувајќи цели 22 дена удари по телото и електрични шокови. Покрај тоа, Руселф се изборила и со рак на лимфниот систем. Дилма Руселф се вбројува меѓу најмоќните и највлијателни личности во светот.

5. Елен Џонсон Серлиф

Елен Срерлиф е претседател на Либерија и воедно е првата жена одбрана да биде на чело на држава во Африка. Во 2011, заедно со уште две жени од Либерија и Јемен, добива Нобелова награда за мир.

5 моќни и влијателни жени во светот на политиката

Родена е на 29-ти октомври 1938, а по школувањето во САД се враќа во Либерија и станува помошник министер за финансии, функција која ја извршува до 1980-та, по што ја напушта земјата. Се враќа 5 години подоцна и трудејќи се да се пробие на политичката сцена, добива затворска казна од 10 години поради зборување против милитарниот режим. Повторно ја напушта Либерија, за конечно да се врати во родното место во 1997 како економист. Во 2005-тата е назначена за претседател на Либерија, а во 2011 е реизбрана за истата функција.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар