5 митови за успехот во кои не треба слепо да веруваме

5 митови за успехот во кои не треба слепо да веруваме

Секој сака да постигне добри резултати во својот живот и да доживее еден личен напредок и на професионален и на приватен план. Но, успехот не значи дека треба да ризикуваме сѐ во животот и да чекаме последиците да ни го одредат патот. Во продолжение прочитајте ги 5-те митови за успехот во кои не треба слепо да се верува и кои можат само да нѐ одвојат од реалноста.

5 митови за успехот во кои не треба слепо да веруваме

1. Секој ризик е добар ризик

Овде не станува збор за тоа дека не треба воопшто да ризикуваме доколку ни се укаже некоја добра прилика, туку дека не треба по секоја цена да го правиме тоа. Професорот по психологија и авторот на книгата „Како неконформистите го движат светот“, Адам Грант, вели:

„Често најуспешните луѓе се оние кои се најмалку подготвени да ризикуваат. За да успеете понекогаш не треба да ризикувате, туку доволно е секојдневно да пробувате нешто ново. Ако ви се укаже шанса да започнете свој бизнис, тоа не значи дека треба да ја напуштите моменталната работа или факултетот, туку да се потрудите паралелно да играте на двата фронта“, објаснува д-р Грант кој додава и дека според нивните истражувања, дури 33% од младите бизнисмени започнуваат на овој начин.

2. Верувајте им на своите инстинкти

Не треба да го земаме ова тврдење здраво за готово бидејќи понекогаш и инстинктот може да нè излаже.

„Интуицијата не е нешто што сега се појавило, туку станува збор за нашата несвесност која ги препознава обрасците на искуството. Ако лошо ја направам некоја работа 4 пати, тогаш 5-от пат ќе ми се појави некоја мачнина дека тоа не треба да го правам. Сепак, со оглед на тоа дека сѐ е во постојано движење, работите кои вчера биле важни денес можеби нема да бидат“, вели д-р Грант додавајќи дека не треба секогаш да се ослонуваме на инстинктот, туку консултацијата дури и со оние луѓе кои постојано нѐ критикуваат е најдобриот совет на патот кон успехот.

3. Не одложувајте ги обврските

Ниту ова правило не треба да го следиме слепо ако сакаме да успееме. Овде станува збор за тоа дека на почетокот на секоја работа или проект на кој работиме, секогаш ќе смислуваме некои вообичаени и веќе видени идеи. Колку подолго работиме на еден проект толку повеќе нашата првобитна идеја ќе се развива и на крајот ќе успееме да смислиме нешто сосема ново, оригинално и многу подобро од она на кое најпрвин сме помислиле.

4. Подобро ќе напредувате ако се сложувате со шефот

Сигурно е пријатно да работиме со некој кој ги дели истите убедувања и кој е пријателски настроен, но не и доколку сакате да напредувате на работата. Многу е подобро да работите за некој кој има високи стандарди и кој е склон на конструктивни критики, отколку за некој кому сѐ што ќе изработите му се допаѓа.

5. Изберете го она во коешто сте најдобри

На разговорот за работа, луѓето често претеруваат во наведувањето на работите кои знаат да ги прават. Тоа не значи дека не треба да се усовршуваме и да бидеме разновидни, туку дека не треба да направиме сѐ одеднаш. Потребно е да избереме еден став со кој најдобро знаеме да располагаме и да се фокусираме на него, бидејќи само така успехот ќе биде гарантиран. Мултитаскингот ќе си дојде со времето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар