5 митови за ноќниот живот во Њујорк

Џесика Кјулик е блогер од Њујорк која додека патува низ светот се осврнува на својот роден град. Таа сфатила дека светот погрешно гледа на ноќниот живот во Њујорк и ни ги открива петте најчести митови поврзани со него.

5 митови за ноќниот живот во Њујорк

Мит бр. 1: Кери Бредшо

Џесика вели дека познава многу девојки кои се преселиле во Њујорк затоа што „биле инспирирани од Кери Бредшо“. Таа тврди дека ноќниот живот претставен во „Сексот и градот“ е само мит. Во серијата четирите пријателки собираат машки погледи и воздишки додека поминуваат по улиците во својата скапа облека и скапи чевли, а потоа налетуваат на богат маж кој е спремен да направи многу нешта за нив. Според Џесика, работите во реалноста стојат поинаку: девојката може да го чека своето згодно момче во некој бар, облечена во небрендирана облека. Додека чека се наоѓа некој друг маж кој нападно ќе ѝ се пушта, а кога момчето конечно ќе стигне ќе се налути поради тоа и веројатно ќе фрла погледи по други девојки.

Мит бр. 2: Сите се излезени во петок навечер

Точно е дека њујоршките барови и клубови се полни во петок и во сабота навечер, но не со Њујорчани. Оние што ќе ги сретнете таму најчесто се туристи или тазе богаташи преселени од руралните делови на Америка. Њујорчаните преферираат да излегуваат во работните денови. Градот нуди извонредна забава секој ден, па тие се решаваат да ги искористат разните попусти кои им се на располагање од понеделник до четврток. За викендите добар избор е седенка со друштво во нечиј стан.

5 митови за ноќниот живот во Њујорк

Мит бр. 3: Бруклин е популарен, значи Бруклин е одлично место

Бруклин, некогаш сиромашниот дел на Њујорк, денес е местото каде што „живеат сите кул деца“. Сепак, Џесика вели дека тој дел на градот и покрај препородувањето што му се случи изминативе години и понатаму не е место на кое му се восхитува. Таа го вкусила ноќниот живот во Бруклин, но е разочарана од своето искуство, пред сè затоа што самите Бруклинци не се трудат да го подигнат својот стандард.

Мит бр. 4: Тајмс Сквер е центарот на њујоршкиот ноќен живот

Ниту еден Њујорчанец не оди на Тајмс Сквер со драго срце. Таму е најголемата гужва која ја прават туристите, а тие не сакаат да гледаат како тинејџери вриштат пред зградата на Ем-ти-ви или туристи како надвор чекаат ред за маса во некој ресторан. Според Џесика, тоа е најпреценетиот дел на Менхетн.

5 митови за ноќниот живот во Њујорк

Мит бр. 5: Вреди да се чека во редица за влез

Ќе се облечете во најубавата и најнова облека, ќе излезете со најубавите пријателки и пријатели, а потоа ќе чекате за влез во некој нов клуб или бар во кој се очекува да ги видите познатите од шоу бизнисот. Ќе се правите дека не ви е тешко што чекате долго за да изгледате кул, а кога конечно ќе влезете внатре, вие сте првиот гостин. Њујорчаните не го прават ова.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар