5 комплименти кои момците неизмерно сакаат да ги слушаат

5 комплименти кои момците неизмерно сакаат да ги слушаат

Исто како и девојките, така и момците сакаат одвреме-навреме да добијат комплимент. Без разлика дали станува збор за нивниот физички изглед или пак, за одредени карактерни црти, понекогаш и на нив им е потребна мала мотивација за да продолжат добро да ги прават работите. Па, доколку сакате да ги расположите, тогаш без сомнение брзо ќе успеете со помош на следниве неколку комплименти…

5 комплименти кои момците неизмерно сакаат да ги слушаат

1. Изгледаш секси кога готвиш. Со самото тоа што му велите дека изгледа секси, вие го привлекувате неговото внимание. Но, кога ќе му кажете дека е секси додека извршува една од секојдневните обврски, вие веднаш ќе забележите дека тоа навистина му се допаѓа.

2. Се чувствувам безбедно со тебе. Станува збор за инстинкт. Мажите сакаат да чувствуваат дека можат да се грижат за вас. Токму затоа и нивното его расте дупло кога знаат дека се чувствувате безбедно покрај нив.

3. Ми се допаѓа колку си одлучен кога ќе намислиш нешто. Тоа е навистина атрактивно. Не ги фалете само неговите достигнувања, туку и карактерните црти кои довеле до нив. Вие сте девојката која се грижи за вистинскиот тој, не само за неговата тврда надворешна маска.

4. Им кажав на моите пријателки дека сум многу среќна што имам толку неверојатен човек покрај мене. Не можете да направите грешка доколку го фалите кај вашите пријатели. Покажете им на другите зошто тој е толку посебен, бидејќи и момците сакаат да се чувствуваат специјално.

5. Си вежбал? Момците не добиваат толку комплименти за физичкиот изглед како жените. Па, токму затоа и  кажете му дека посетата на теретаната навистина се исплати. На тој начин ќе го мотивирате и да вежба повеќе со цел да ве импресионира повеќе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар