5 изуми на античките Грци без кои не би можеле да го замислиме денешниот свет

5 изуми на античките Грци без кои не би можеле да го замислиме денешниот свет

Лулката на западната филозофска мисла – Античка Грција, донела многу изуми без кои не би можеле да си го замислиме модерниот секојдневен живот. Античка Грција била дом на многу историски личности, првите големи мислители, иноватори, научници и пронаоѓачи кои го ковале цивилизацискиот тек на Европа и го обликувале начинот на кој го набљудуваме светот. Во тој контекст, погледнете ги 5-те нивни револуционерни изуми кои го оформиле денешниот свет.

5 изуми на античките Грци без кои не би можеле да го замислиме денешниот свет

1. Спорт

Во почетокот на 8-от век п.н.е. во Олимпија биле одржани првите Олимписки игри во историјата кои до ден денес традиционално се повторуваат на секои 4 години. Првобитно, Олимпијадата била едно едноставно спортско случување, но со текот на времето прераснало во спектакуларен петдневен фестивал. Трките со кочии, трчањето, борењето и другите дисциплини најпрвин се изведувале во чест на врховниот бог Зевс за кого ритуално се жртвувале по 100 овци.

2. Физика

Првиот „Еурека“ момент се случил во 3-от век п.н.е., кога грчкиот математичар, филозоф и пронаоѓач Архимед влегол во бурето. Така сфатил дека постои сила која од кадата ја исфрла количината вода еднаква на масата на неговото тело. На овој начин настанал првиот принцип на физиката.

3. Драма

Првите театри настанале од раните грчки религиски обреди, а најмногу се развивале во Атина во периодот од 530-тата до 220-тата година пред нашата ера. Постоеле 3 основни жанрови: Трагедија, комедија и сатирична игра. Просечниот грчки театар примал околу 17.000 луѓе. Грците имале дури и посебни ефекти како кранови со кои ги дигале актерите во воздух и ги позиционирале спрема потребите и композицијата.

4. Суд

Старите Грци, како и Римјаните после нив, ја користеле судницата за голем број работи. Првата порота се состоела од 1.502 мажи, а се појавила во Атина во 590-тата година пред нашата ера.

5. Аларм за будење

Филозофот Платон е првиот човек кој направил „машина за будење“. Имено, на Платон му бил потребен аларм односно будилник кој навреме ќе го будел за неговите утрински предавања. Токму затоа и смислил справа која работела на принципот на движење на водата низ една чинија со што се произведувало пискав звук, доволно силен за да го разбуди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар