5 интересни факти за Ал Капоне

5 интересни факти за Ал Капоне

На 17 јануари 1899 година, италијански пар на емигранти (Габриел и Тересина), во Бруклин (Њујорк), на свет донесоа машко бебе. 14 години подоцна, синот на италијанскиот пар, се откажува од Католичкото училиште, поради расправија со професор и започнува да се занимава со секаков вид криминал и притоа станува еден од најпознатите гангстери во историјата. За кого зборуваме? Ал „Скарфејс“ Капоне, се разбира.

(1) 5 интересни факти за Ал Капоне

Голем број режисери и сценаристи од Холивуд, ја прераскажувале приказната за Капоне безброј пати, но колку навистина знаете за озогласениот криминалец?

Еве 5 интересни факти за Ал Капоне:

  • Омилен пијалак на Капоне му бил Темплетон виски од ‘рж, кој потекнува од истоимениот град во Ајова;
  • Специјално опремениот и блендиран Кадилак на Капоне е запленет од Американското министерство за финансии во 1932 година и подоцна е користен како примарна лимузина на Франклин Рузвелт;
  • Капоне го добил прекарот „Скарфејс“ по една тепачка во локален бар на Кони Ајленд, при што заработил три длабоки расекотини на неговата лева страна од лицето;
  • Иако сите го препознавале по неговиот надалеку познат прекар „Скарфејс“, неговите најблиски пријатели го викале „Снорки“ (Snorky);
  • Откако претрпел физичка и ментална пропаст како резултат од невросифилис (мозочна инфекција), Балтиморскиот и воедно личен психијатар на Капоне, извршил тестови коишто покажале дека менталната состојба му се намалила до степен на 12 годишно дете.

Капоне умира на 25 јануари 1947 година од срцев удар.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Далибор Reply

    “Капоне го добил прекарот “Скарфејс” по една тепачка во локален бар на островот Кони, при што заработил три длабоки расекотини на неговата лева страна од лицето”
    -Ова воопшто не е точно, горенаведената приказна е за Лаки Лучијано (Scarface) а не за Ал Капоне. Поздрав

Напиши одговор на Далибор Откажи одговор