5 фасцинантни потопени градови

Минатото отсекогаш фасцинирало, па токму затоа и многумина се обидуваат да ги откријат неговите тајни. Тоа и причината поради која старите цивилизации се толку интересни – тие дел по дел ни го откриваат минатото на целото човештво. Мистериозната и добро позната Атлантида сè уште не е откриена, но сепак постојат голем број други градови кои исчезнале под вода и кои без сомнение се неверојатни. Погледнете ги најпознатите 5 од нив…

1. Порт Ројал, Јамајка

(1) 5 фасцинантни потопени градови

Гранд Порт Ројал на времето било огромно пристаниште кое го обожавале пиратите. Тука владеела проституцијата, алкохолот… Секаков вид развратност. Во минатото бил познат како најизопачениот и најгрешниот град во светот. Тој исчезнал под вода во 1692 година кога Јамајка ја погодил земјотрес со јачина од 7,5 степени, притоа потопувајќи го овој град на дното на океанот. Повеќе од 2.000 жители исчезнале заедно со него.

2. Пирамидите Јонагуни – Јима, Јапонија

(2) 5 фасцинантни потопени градови

На дното на морето, во близина на јапонскиот брег, лежат пирамиди кои сè уште не се знае дали настанале природно или пак, биле направени од луѓето. Овие огромни пирамиди според истражувачите настанале природно или од човековата рака за време на претходната ледена доба, околу 10 илјади години пред новата ера. Откриени се во 1996 година.

3. Дварка, Индија

(3) 5 фасцинантни потопени градови

Древниот град Дварка се наоѓа во заливот Камбеј во Индија. Овој подводен град бил пронајден во 2000 година и се верува дека е стариот град на кралот Кришна кој исчезнал 7.500 години пред нашата ера. Според податоците од некои стари записи, овој град се состоел од 70 илјади палати составени од злато, сребро… Станува збор за моќен град, но веднаш штом Кришна го напуштил овој свет, тој потонал.

Со помош на сонарна технологија, истражувачите пронашле нешто што делувало како камени столбови и срушени ѕидини од најмалку два града. Местото било опишано како дел од древна цивилизација во речна долина за која се верувало дека е митска. Нуркачите кои истражувале, на длабочина од 36 метри пронашле голем број артефакти од кои извадиле 2.000 вклучувајќи лончиња, накит, скулптури, човечки коски и докази за записи.

4. Градот на лавовите, Кина

(4) 5 фасцинантни потопени градови

Ши Ченг, познат и како Градот на лавовите, порано бил политичко и господарско средиште за источната кинеска провинција Џечанг, но пред 53 години сите жители се отселиле, а потоа градот бил постепено потопуван. Тој завршил под големо езеро направено за потребите на блиската хидроцентрала.

Се верува дека Платон ја раскажал историјата на овој град, опишувајќи дека е под вода на само еден ден пред столбовите на Херкул, односно морскиот премин денес познат како Гибралтар кој води кон исчезнатиот остров Атлантида. И покрај тоа што сè уште нема сигурни докази дека Атлантида постои, Градот на лавовите е реален и крие низа антички и одлично сочувани архитектонски бисери.

5. Палатата на Клеопатра – Александрија, Египет

(5) 5 фасцинантни потопени градови

Истражувачите веруваат дека во близина на брегот Александрија ја пронашле палатата на древната египетска кралица Клеопатра, па дури и дека ја откриле локацијата на нејзиното последно почивалиште. Истражувачите тврдат дека палатата била потопена пред 1.500 години под влијание на разорен земјотрес.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар