5 факти за вселената кои сигурно не сте ги знаеле

Автор: Ана Петровиќ

Доколку не сте експерт во оваа област, веројатно не сте запознаени со ледените вулкани на Сатурн, вечната бура на Венера, како и фактот дека во нашиот сончев систем има повеќе од 8 планети (односно 9 ако го сметате и Плутон, кој пред неколку години беше прогласен за џуџеста планета).

1-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

Во продолжение следат 5 неверојатни факти за нашиот сончев систем.

1. Ледени вулкани на Сатурн

Сатурновиот сателит Енцелад на прв поглед можеби не изгледа премногу интересно, но доколку се набљудува одблизу, ќе забележите нешто воодушевувачко.

2-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

Се работи за криовулкани, односно ледени вулкани кои ги има во огромен број.

Поради силната гравитација која ја создава Сатурн, површината на сателитите е секогаш изложена на огромен притисок, а резултат на тоа се големите ледени ерупции.

3-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

Површината на Енцелад е прекриена со мраз под кој се наоѓа океан од обична вода. Таа вода еруптира и се замрзнува штом дојде на површината.

2. Планети за кои не сте ни слушнале

Ќе погрешите доколку кажете дека во нашиот соларен систем има 9 планети, вклучувајќи ја и планетата Плутон, која во 2006 година доби статус на џуџеста планета.

4-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

Повеќе од 50 планети се наоѓаат зад Плутон и на самиот крај од нашиот систем, што го отежнува нивното пронаоѓање и набљудување.

Една од тие џуџести планети предизвика посебен интерес кај научниците. Нејзиното име е Хаумеа и е откриена на 28 декември 2004 година. Името го добива според Хавајската божица на плодноста – поради тоа што повторно се раѓа.

5-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

Поради огромната радијација, нејзината површина постојано се топи и се замрзнува. Научниците сметаат дека на оваа планета има некаков облик на живот поради црвените точки кои се забележани на површината.

3. Чудната површина на Марс

Благодарение на НАСА и нивните јавни архиви за вселенските експедиции, многу брзо доаѓаме до нови информации и факти за оваа планета. Една од почудните информации е снимката на која се забележани кратери, настанати од метеорски удари на површината на Марс. Кратерите се толку совршено поставени, што наликуваат на човечки череп.

Снимките се забележани од роверот на НАСА, а научниците велат дека се работи за огромен камен.

6-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk7-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

4. Соларни ракети

Соларните ракети настануваат така што на истото место на површината на Сонцето се случува серија од експлозии на жешка плазма. Поради силната гравитација од Сонцето, пламенот се враќа кон себе и така се создава радијација со огромна енергија и високо ниво на честички.

Енергијата која овие соларни ракети ја испуштаат е еднаква на милијарда мегатони ТНТ експлозив.

8-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

5. Вечната бура на Венера

Земјата и другите планети драстично се разликуваат по нивните услови. Температурата на површината на другите планети најблиску до Сонцето е толку висока што може да стопи метал, а атмосферата е 90 пати потешка отколку на Земјата.

9-5-fakti-za-vselenata-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

Тука спаѓаат и различните временски услови. Сте слушнале ли некогаш за кисели дождови или оркани? На Венера ваквите поими добиваат сосема друго значење.

Венера е позната по ураганот со големина на Европа, кој има две средишта и трае вечно.

Сè уште не е утврдено што всушност ја создава оваа појава. Едно од објаснувањата е дека атмосферските гасови на екваторот, загреани од Сонцето, се креваат и се движат кон половите, каде се спојуваат и пак се спуштаат. Поради ротацијата на Венера, на нивниот пат кон половите тие скршнуваат настрана.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар