5 факти за домашните тестови за бременост што треба да ги знаете

Домашните тестови за бременост денес се достапни во голем број, во различи облици, во секоја аптека и најчесто имаат поволна цена. Без разлика колку е добро да имате повеќе опции, сепак понекогаш е проблем кога ќе се најдете пред еден куп опции, а не знаете која е најдобрата. Ова се неколку факти кои би требало да ги знаете доколку се одлучите да направите домашен тест за бременост.

1-5-fakti-koi-mora-da-gi-znaete-za-domashnite-testovi-za-bremenost-www.kafepauza.mk_

1. Сите мерат една иста работа

Без оглед на цената и произведувачот, секој тест за бременост мери една иста работа – протеинот бета HCG (хуман корионски гонадотропин) кој го лачи постилката и во поголем дел е познат под името хормон на бременост. Бета HCG е инаку присутен во телото, но бременоста ја зголемува неговата количина и тој се смета за сигурен знак дека жената е бремена.

2. Тестот треба да се направи наутро

Додека спиете, хормонот бета HCG има доволно време да се насобере во урината со одредена количина. Со самото тоа, поголеми се шансите доколку сте навистина бремени тестот да покаже и позитивен резултат. Токму затоа во упатствата за користење на секој тест за бременост стои дека е најдобро да го правите наутро.

3. Поскапите тестови не се поточни

Бидејќи секој тест мери една иста работа со ист метод, поголемата цена не значи и поголема прецизност. Вистина е дека некои тестови ја „уловуваат“ и пониската количина на бета HCG, но тоа не значи и дека подобро го прават тоа од останатите. Понекогаш, тоа може да доведе и до лажен позитивен резултат.

2-5-fakti-koi-mora-da-gi-znaete-za-domashnite-testovi-za-bremenost-www.kafepauza.mk_

4. Крвни проверки

Сите домашни тестови за бременост се темелат на мерење на бета HCG од урината, но вашиот гинеколог задолжително ќе спроведе крвна проверка за да го утврди уделот на бета HCG во крвта и дополнително да ја потврди бременоста.

5. Здравјето може да влијае на резултатите

Одредени лекови, обично оние кои се наменети за зголемување на плодноста, содржат во себе бета HCG и така може да доведат до лажен позитивен резултат кај домашните тестови за бременост. Ракот на јајниците, исто така, може да го подигне нивото на HCG.

Пред да се одлучите да направите тест, проверете кои се најраните симптоми на бременост.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар