5 „чудни“ факти за смеењето кои не сте ги знаеле

5 „чудни“ факти за смеењето кои не сте ги знаеле

Смеењето е една од најстарите форми на изразување и средства за комуникација меѓу луѓето. Многу работи се напишале за смеењето, за тоа колку е позитивно и здраво за човечкиот организам или колку е добро за општата психолошка состојба на човекот, но дали ги знаете овие интересни факти? Прочитајте понатаму и откријте за што станува збор.

5 „чудни“ факти за смеењето кои не сте ги знаеле

1. Паровите кои се смеат заедно, остануваат заедно

Оваа стара изрека не е измислица, туку чиста вистина. Психолозите од Универзитетот Беркли во Калифорнија направиле едно интересно истражување и откриле дека оние парови кои повеќе се смеат заедно, кога поминуваат во некоја стресна ситуација, подобро ги решаваат проблемите, имаат поголема смисла за хумор и се општо позадоволни, а нивните врски се подолготрајни.

2. Смеењето не може да се контролира

Кога гледате други луѓе кои искрено се смеат почнувате и вие да се смеете, зарем не? Тоа е така затоа што звукот на смеењето го активира делот во нашиот мозок кој ги подготвува мускулите на лицето за движење и е едноставно невозможно да се запре оваа реакција.

3. Смеењето согорува калории

Смејте се што повеќе бидејќи според истражувањата на Универзитетот Вандербилт, само 10 минути смеење се доволни за да се согорат 50 калории. Истражувачите откриле дека смеењето ги забрзува срцевите отчукувања, а потрошниот кислород при смеењето го поттикнува губењето на вишокот калории.

4. Смеењето помага за целосната состојба на организмот

Бројните студии потврдуваат дека смеењето има добро влијание врз нас. Скоро и да не постои дел во здравјето за кој смеењето не е вистинскиот лек. Меѓу другото, тоа го подобрува помнењето и многу други функции на мозокот, позитивно делува на циркулацијата на крвта, имунитетот, нивото на шеќер во крвта и го олеснува спиењето.

5. Смеењето не се поврзува со хуморот

Смеењето не е последица на кажување шеги и смешни работи. Иако мислиме дека нема смеење без претходно да се каже нешто смешно, ситуацијата е всушност спротивна. Повеќе од 80% од „епизодите“ на смеење се јавуваат како резултат на обичниот разговор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар