5 алтернативни начини да ја испеглате облеката без употреба на пегла

Пеглањето за време на летото е за многумина најтешката домашна обврска и лесно може да се сфати зошто. Бидејќи температурите се високи, никој не сака да го поминува своето време покрај топла пегла која уште повеќе грее. За среќа постојат и други начини на кои можете да ги испеглате вашите алишта без притоа да користите пегла. Погледнете како…

5 алтернативни начини да ја испеглате облеката без употреба на пегла

1. Мокар пешкир

Облеката која сакате да ја испеглате ставете ја на рамна површина, па врз неа ставете мокар пешкир. Притиснете го силно и израмнете ги сите стуткани делови и потоа оставете ја облеката да се исуши.

2. Пареа од бањата

Затворете ги прозорците и вратите во бањата и поставете ја облеката на закачалка во близина на тушот кога ќе се бањате и пареата од бањата ќе ги израмни сите набори на вашата облека. Вие треба само да внимавате да не ја намокрите додека се туширате.

3. Прскање со вода

Поставете ја облеката на место каде што можете да намокрите и испрскајте ја со вода. Во шишето вода со прскалка можете да додадете и малку омекнувач за облека, со цел да добиете поголема мекост. Откако ќе ја испрскате, оставете ја на воздух да се исуши.

4. Пегла за коса

Пред да преминете на пеглањето, отстранете ги сите влакна и препарати за коса кои можеби се останати врз пеглата за коса и регулирајте ја топлината во однос на материјалот кој треба да го испеглате.

5. Коцки лед во машината за сушење

Ставете ја облеката во машината за сушење и додајте неколку коцки лед, па пуштете ја да работи неколку минути на висока температура. Ледот ќе се стопи, претворајќи се во пареа која ќе ја израмни вашата облека. Овој метод делува само доколку машината е малку наполнета.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар