40 причини зошто е подобро да се биде жена отколку маж

Некои причини се резултат на статистичките податоци, некои на природните закони, а некои имаат цел само да нѐ насмеат и не треба да ги сфаќаме премногу сериозно. Прочитајте ги 40-те главни разлики меѓу жените и мажите, благодарение на кои жените секогаш ќе бидат посилниот пол…

40 причини зошто е подобро да се биде жена отколку маж

1. Статистички гледано, жените почесто се извлекуваат од сообраќајните казни и сличните престапи.

2. По оргазмот, на мажите им треба одмор, а жените можат да доживеат неограничен број оргазми.

3. На жените многу поретко им снемуваат изговори за нивното однесување и секогаш изнесуваат повеќе аргументи за време на караниците.

4. Жените не мораат да се грижат за губењето на косата, додека ќелавоста е проблем што ги мачи повеќе од 70% од мажите на 30-годишна возраст.

5. Помалку се потат од мажите.

6. Живеат подолго.

7. Повеќето жени имаат подобар моден вкус од мажите.

8. Во просек, на жените им е полесно да „дојдат“ до секс, односно да пронајдат партнер.

9. Имаат повисок праг на толеранција на болка.

10. Можат да се напијат за пократко време и за помалку пари од мажите.

11. Жените смеат да се прегрнуваат со пријателките, без притоа луѓето да се посомневаат во нивната сексуална ориентација.

12. Можат да носат фустани што е голема предност во летниот период.

13. Почесто завршуваат факултет и во просек имаат подобро образование од мажите.

14. Можат да си ги избушат ушите и да се ја обојат косата како сакаат, без да добиваат чудни погледи.

15. Според статистиката, жените први ги спасуваат од бродовите кои тонат.

16. Жените можат да ги заплашат машките шефови со набројување гинеколошки проблеми кои мажите не ги разбираат.

17. Можат да прашаат за насоки, без да се чувствуваат неспособни поради тоа.

18. Сексуалната желба кај жените се зголемува како што стареат, па не се грижат дали партнерот ќе ги доживува како постари или незаинтересирани.

19. Жената која плаче ќе биде доживеана како емотивна, а мажот како слабак.

20. Жените имаат бесплатна психотерапија благодарение на своите пријателки.

40 причини зошто е подобро да се биде жена отколку маж

21. Ниските жени се слатки, додека за ниските мажи се вели дека имаат „Наполеонов комплекс“.

22. Не се очекува од жените да знаат како да поправат сѐ што ќе се расипе.

23. Имаат подобри комуникациски вештини.

24. Истражувањата покажуваат дека кај жените постои 15% поголема веројатност дека ќе преживеат несреќа.

25. Никој не ги исмејува жените кои не се талентирани за спорт.

26. Ако имаат големи уши, жените тоа лесно можат да го сокријат.

27. Не мора да се напијат алкохол за да можат искрено да зборуваат за своите чувства.

28. За жените купувањето облека претставува забава.

29. Жените не мораат да се јавуваат први, бидејќи тоа не се ни очекува од нив.

30. Способни се истовремено да пеглаат, телефонираат и да гледаат телевизија.

31. Жените ја знаат вистината за тоа дали и колку е важна големината, додека мажите секогаш ќе бидат во дилема.

32. Не се очекува од жените да носат тешки предмети.

33. Новиот кармин може да ѝ го разубави денот на жената.

34. Од жените не се очекува да подаруваат цвеќиња, туку само да ги добиваат.

35. Жените созреваат порано од мажите, додека некои мажи никогаш не доаѓаат до тој стадиум и вечно остануваат незрели.

36. Не мора да се грижат дали ќе „фатат нешто“ со патентот.

37. Не се чувствуваат како кукавици ако одбијат физичка пресметка.

38. По правило добиваат старателство на малите деца по разводот.

39. Знаат каква катарза предизвикува плачењето.

40. Тие се поубавиот пол!

Жените се бестрашни и несопирливи! Доколку не сте убедени, прочитајте ги следниве 12 работи во кои жените се подобри од мажите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар