40 мали, случајни моменти кои ќе ве потсетат дека животот е прекрасен

Што е животот ако не барабан полн со моменти кои случајно испливуваат на површината, како лото топчиња? Некои од нив се убави, среќни, вредни за паметење, но има и такви кои ќе ве растажат, изнервираат или засекогаш ќе ве одделат од вашите драги луѓе. Но без разлика на сѐ, важно е да ја цениме вредноста на секој од тие моменти и секој среќен момент да го додаваме на сложувалката која ја составуваме додека сме живи, а се вика „Животот е прекрасен“.

40 мали, случајни моменти кои ќе ве потсетат дека животот е прекрасен

1. Кога ќе најдете паричка на улица.

2. Разменувањето насмевка со непознат човек.

3. Првиот залак од храната која долго сте ја чекале.

4. Првата голтка ладна вода кога сте жедни.

5. Кога ќе ве бакне некој што не сте очекувале.

6. Порака од симпатијата.

7. Кога ќе ги отворите ролетните и надвор ќе го видите првиот снег.

8. Смеење за нешто сосема случајно.

9. Кога ќе најдете белешка од некој што го сакате.

10. Кога ќе ви се допадне новата храна што прв пат ја пробувате.

11. Кога ќе прочитате нешто што ќе ве наежи.

12. Кога ќе видите прекрасен пејзаж.

13. Моментот кога одеднаш ќе се почувствувате смирено.

14. Прегратка со љубените.

15. Кога вашето милениче спие покрај вас.

16. Дремење на кауч после долгиот работен ден.

17. Мирисот на дождот.

18. Долго вВозење по празен пат.

19. Кога ќе видите ѕвезда што паѓа.

20. Неочекуван телефонски повик од некој што го сакате.

21. Кога готвите нешто кое има прекрасен вкус и мирис.

22. Кога ќе се погледнете со некој пријател и ќе прснете од смеа.

23. Пребарувањето низ стари фотографии.

24. Кога слушате песна која ви носи стари спомени.

25. Кога случајно ќе се допрете со симпатијата.

26. Кога ќе се погледнете во огледало со голема самодоверба.

27. Кога ќе создадете некое дело и ќе почувствувате гордост.

28. Утехата што ја наоѓате кога сте сами.

29. Кога ги слушате звуците од природата.

30. Топлиот ветер.

31. Мирисот на домашно зготвената храна.

32. Прегратката со некој кого не сте го виделе подолго време.

33. Длабоко задоволство.

34. Неочекувани пеперутки во стомакот.

35. Кога гледате во уметничко дело со кое чувствувате поврзаност.

36. Длабок разговор после кој се чувствувате просветлено.

37. Кога ќе почувствувате меѓусебна привлечност со неочекувана личност.

38. Неочекувани солзи радосници.

39. Прегратка која ве враќа во минатото.

40. Моментот кога чувствувате дека работите си доаѓаат на свое место.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар