4 знаци дека имате целосно разбудена душа

4 знаци дека имате целосно разбудена душа

Доколку го преземете ризикот да ја разбудите вашата душа, вие ќе искусите многу повеќе среќа, вистина, убавина и мудрост. Но, за да стигнете до тој степен, мора да поминете низ многу работа на себе. Па, до каде сте со будењето на вашата душа?

4 знаци дека имате целосно разбудена душа

1. Не верувате на сите оние нешта кои ги кажуваат медиумите

Наместо тоа, вие самите го истражувате светот и преку вашите очи ги спознавате нештата кои се случуваат околу вас. Исто така одбивате да паднете под влијание на моменталните „трендови“ и го живеете вашиот живот автентично. Вам не ви е потребно никој да ви каже како да размислувате, бидејќи сте сосема способни да го правите тоа самите.

2. Знаете дека очајно е потребна промена во светот

Го гледате светот и сфаќате дека луѓето гладуваат, шумите се уништуваат, племињата се истребуваат и дека има повеќе болка одошто љубов. Вие не можете да престанете да чувствувате потреба да помогнете. Токму затоа и имате потешкотии при разбирањето на светот во своето лошо светло, но очајувањето нема да смени ништо и вие многу добро го знаете тоа.

3. Имате отворен ум

Но, сепак не го држите толку отворен за вашиот мозок да испадне. Вие се движите низ животот со двете нозе цврсто приземјени, додека истовремено сте и повеќе од подготвени да искусите нови култури и идеи. На животот гледате како на авантура, никогаш не знаејќи што се крие зад следниот агол.

4. Не му верувате слепо на авторитетот

Вие сте доволно зрели да знаете кога авторитетите се во право, но истовремено и постојано го преиспитувате нивното однесување со цел да анализирате дали тие прават доволно. Здравата демократија секогаш доаѓа со здрава доза скептицизам и вие сте потполно свесни за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар