4 важни животни лекции кои можеме да ги научиме од Адел

4 важни животни лекции кои можеме да ги научиме од Адел

По 4-годишна пауза, конечно имавме можност да го чуеме новиот албум на британската пејачка која освои многу срца ширум светот. Таа е позната по својот глас кој ги поместува границите, искрените стихови и музиката која едноставно не може да не ве допре директно во душата. Нејзината музика има сè што ни е потребно за да ни се загрее срцето и да ни пробуди искрени емоции. Но, ние исто така можеме и многу да научиме од оваа поп икона…

4 важни животни лекции кои можеме да ги научиме од Адел

1. Можете да ја изградите вашата кариера само врз основа на талентот

Нема дилема во тоа дека Адел е суперѕвезда. Со песната „Hello“, со која се врати на музичката сцена, таа повторно докажува дека го има во себе тоа што е потребно за да привлече големо внимание. Сепак, без разлика на огромниот успех, Адел нема потреба да се експонира и појавува премногу во медиумите. Единствените нешта кои го знаеме за нејзиниот приватен живот се оние кои самата таа ни ги открила на интервјуа, но тоа се само детали. Таа е доказ дека можете да имате здрава врска, семејство и скромност додека истовремено сте и многу познати.

2. Сакајте го вашето тело и ум

Адел е жена која зрачи со самодоверба. Таа е задоволна со себе и никогаш не сакала да привлече внимание со ништо друго освен со својот глас.

„Никогаш не сум гледала во насловните на списанијата мислејќи дека мора да изгледам како модел со цел да бидам успешна“, изјавила таа.

Исто така додала и дека не е потребно згодно тело и сексапил со цел да го продаде својот албум. Ние целосно се согласуваме со неа.

3. Сосема е нормално да се биде повреден по раскинувањето

Кога врската завршува лошо, владее општо познато верување дека треба да бидеме силни и храбри и да не му покажеме на светот колку навистина ова раскинување нè повредило. Но, Адел ни го покажала сосема спротивното. Таа храбро и без никаков срам им кажала на сите бивши момчиња, како и на целиот свет колку навистина страдала по раскинувањата. Пред сè, ние сме луѓе и имаме право да патиме, како и да плачеме додека не преболиме некого.

4. Смејте се често и гласно

Сосема е во ред и оправдано во некои ситуации да не бидете озбилни и да му покажете на светот колку ви е забавно. Без разлика дали е на интервју или на некој друг работен разговор, Адел не се плаши да го каже своето мислење додека гласно и заразно се смее. На прашањето дали би сакала да биде Бон девојка, пејачката гласно се изнасмеала и одговорила „НЕ“. Зарем можете да не ја сакате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар