4 причини зошто жените како Миранда од ТВ серијата „Сексот и градот“ се одлични пријателки

4 причини зошто жените како Миранда од ТВ серијата „Сексот и градот“ се одлични пријателки

Иако повеќето фанови на оваа серија не се големи љубители на ликот и делото на Миранда, таа е всушност многу инспиративна. Синтија Никсон одлично ја претставува жената која секогаш цврсто стои на земјата и го кажува она што го мисли. Секогаш саркастична, цинична, со остар ум и без влакна на јазикот, Миранда Хобс е еден од најдобрите ликови во целата серија. Прочитајте зошто секоја жена би требало да има пријателка како Миранда…

4 причини зошто жените како Миранда од ТВ серијата „Сексот и градот“ се одлични пријателки

1. Миранда секогаш ја кажува вистината

Таа никогаш не ги задржува мислите за себе и секогаш отворено кажува какви последици ќе произлезат од непромислените одлуки на нејзините пријателки. Многумина ѝ замеруваат поради тоа, но зар не е полошо кога некој ни го кажува она што сакаме да го чуеме, а ја говори вистината веднаш штом го завртиме грбот? Миранда е како гласот на разумот што секогаш им помага на нејзините пријателки да го пронајдат вистинскиот пат.

2. Не им дозволува на туѓите мислења да ја поколебаат

Се сеќавате на сцената кога нејзината куќна помошничка Магда стави икона од Дева Марија во нејзината соба? Миранда веднаш ја тргна иконата, се соочи со Магда и отворено кажа дека ужива во кафето, купечките пити и вибраторите и воопшто не се срами тоа да го признае!

4 причини зошто жените како Миранда од ТВ серијата „Сексот и градот“ се одлични пријателки

3. Миранда е најреалниот лик во серијата

Таа постојано се анализира себеси, своите мисли и постапки. Таа се обидува да сфати како светот околу неа функционира. Иако уживаме кога ликовите од серијата нѐ носат во свет поразличен од оној во кој живееме, Миранда успева да нѐ задржи цврсто на земјата. Освен тоа, таа ни нуди одличен поглед кон работите кој можеби и самите би требало да го применувам одвреме-навреме.

4. Таа секогаш застанува на страната на нејзините пријателки и ги заштитува

Дури и тогаш кога тие ќе ја повредат, разочараат со нивните зборови или ѝ се налутат поради нејзините остри коментари, Миранда никогаш не им го врти грбот на нејзините пријателки. Сите ние посакуваме да имаме и да бидеме такви пријатели!

Доколку ја обожавате оваа ТВ серија, прочитајте ги и овие лекции кои ги научивме од „Сексот и градот“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар