4 неверојатни работи поврзани со сексот кои некогаш биле нормални

Денеска се чудиме на тоа што било нормално во сексот порано, а веројатно и генерациите после нас ќе се чудат на ист начин за денешнината. Ова се четири работи кои нам ни звучат неверојатно, но некогаш одамна биле секојдневие.

4 неверојатни работи поврзани со сексот кои некогаш биле нормални

1. Мажите не требало да ја трошат енергијата на оргазми

Во древна Кина се верувало дека мажите имаат ограничена количина животна енергија наречена „јанг“, а жените – неограничена животна енергија наречена „јин“. Мажите требало да ја штедат својата енергија за да не умрат прерано. Им се препорачувало да не ја трошат на многу оргазми, туку да впиваат од женскиот „јин“ преку женските оргазми. Затоа ним им се забранувало мастурбирање, додека жените можеле да се самозадоволуваат колку што сакаат. На мажите не им било дозволено ниту да ејакулираат пред жената да доживее по можност и неколку оргазми со цел „јин“ и „јанг“ да бидат во рамнотежа.

2. Сексот без обврски бил пожелен

Денеска според некои е пожелен, а според други не, но во 10-от век п.н.е. во Месопотамија жените преку сексот без обврски ја потврдувале својата плодност. Овој народ верувал дека сексот со непознат човек ја зголемува плодноста кај нив. Секоја жена барем по еднаш во животот требало да го посети храмот на божицата Иштар, да седи таму на скалите и кога ќе види привлечен маж да испушти сребрена паричка која ја држела во раката и да го покани в кревет. По некое време овој храм станал место каде што се собирале проститутки кои биле нарекувани „свети проститутки“ и било забрането за нив да се зборува со навредлив тон.

4 неверојатни работи поврзани со сексот кои некогаш биле нормални

3. Сексот бил неморален дури и во бракот

Средниот век донел мрак во секоја сфера од животот, меѓу другото и во интимната. Тогаш владејачките религии придонеле на сексот да се гледа како на срамен чин кој треба да служи исклучиво за размножување и никако да не се практикува заради задоволство. Според она што го запишал Свети Јован Златоуст сексот бил забранет кога жената била бремена, за време на празници, во деновите на пост, во деновите среда, петок, сабота и недела, не бил дозволен ниту во текот на денот, а бил забранет и ако целта не била зачнување дете или ако партнерите биле голи. Многу негативно се гледало и на оралниот секс и менувањето пози.

4. Сè било нормално

Во различни периоди од историјата различни работи поврзани со сексот биле нормални. Во античкиот период во Грција хомосексуалноста и бисексуалноста биле сосема нормални појави, па дури и чин за влез во светот на аристократијата. И проституцијата била нормална, па постоела и евтина и префинета проституција. Во Етрурија, територија која денес е во рамките на Италија, во древните времиња сосема нормално било одржувањето на големи оргии во кои се практикувале сите видови секс. Ако некое дете било родено како последица од нив, тоа се сметало за помалку вредно во споредба со оние родени во брак.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар