4 мали „валкани“ тајни што мажите ги кријат од вас

Мислите дека мажите се како отворена книга? Размислете повторно. Иако мажите во основа се многу едноставни, сепак постојат работи што се обидуваат да ги скријат од девојките. Жените мислат дека мажите кријат работи за да бидат мистериозни, но вистината е дека станува збор за неколку мали „валкани“ тајни што тие не сакаат да бидат откриени. За подобро да разберете што се случува во главата на вашиот партнер, симпатија, машки пријатели, па дури и на продавачот од блиската продавница, ние ви ги откриваме 4-те тајни кои мажите очајно се обидуваат да ги скријат од жените…

4 мали „валкани“ тајни што мажите ги кријат од вас

1. Сите жени ги замислуваат голи

Вашиот заболекар, 85-годишниот сосед, професорот, таткото на вашата пријателка, најдобриот пријател, вашиот брат, братучед, син, сите тие ве имаат замислено голи барем еднаш во некој момент од животот. Иако тоа ви се чини одвратно, незамисливо и непримерно, мажите едноставно се програмирани да размислуваат на таков начин и тоа нема да се промени. Но, гледајте на позитивната страна на работите. Со оглед на тоа што тие не знаат како навистина изгледате без облека, нивната слика за вас е многу позитивна. Мажите се големи оптимисти, така што тие ќе ви ги подарат најсовршените карактеристики што можат да си ги замислат.

2. Никогаш не им треба романтика

Тоа не значи дека тие не се романтични. Поголемиот дел од мажите прават најразлични романтични гестови, но најчесто ги прават само поради вас. На тој начин успеваат да ви го подобрат љубовното расположение, а токму тоа и им треба. На мажите, пак, не им треба романтика за да бидат расположени за љубов. Тие речиси секогаш се подготвени за акција. Тивката музика, пригушените светла, мирисливите свеќи и јагодите потопени во чоколадо немаат големо влијание на нивната страст. Доволно е само да им кажете да се соблечат и тоа е единствената романтика што им треба.

4 мали „валкани“ тајни што мажите ги кријат од вас

3. Доколку имаат помалку од 29 години, немаат никакви намери да започнат сериозна врска

Сигурно сте се нашле во ситуација да бидете во подолга врска и во одреден момент да го прашате партнерот каде води сето тоа. Тогаш сте забележале дека на вашиот сакан му станало многу непријатно поради ваквото прашање. На мажите им е јасно дека сакаат да поминувате време заедно, уживаат во сексот со вас и би сакале тоа да продолжи и понатаму, но за сѐ друго немаат поим. Не знаат каде води вашата врска и што е уште најважно, воопшто не им е гајле за тоа. Дури тогаш кога ќе влезат во нивните доцни 20-ти почнуваат да мислат на иднината на нивните љубовни врски. Наводно, на мажите им треба повеќе време за да созреат за разлика од жените.

4. Не знаат како правилно да користат презервативи

Не е никаква тајна дека голем процент од мажите воопшто не сакаат да користат презервативи, но можеби ќе ве изненади фактот што многумина немаат поим како правилно да ги користат. Секако дека знаат каде треба да ги стават, но тоа е сѐ. Повеќето мажи не знаат како и кога треба да го стават и извадат кондомот, а тоа е од клучно значење за неговата ефективност. Со други зборови, спротивно на женските убедувања, употребата на кондоми не им доаѓа природно на мажите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар