4 кучешки раси што без проблем можат да живеат и во стан без двор

4 кучешки раси што без проблем можат да живеат и во стан без двор

Вие би сакале куче повеќе од сè на светот, но постојано се премислувате бидејќи немате простран дом. И не само тоа, туку живеете во стан без пристап до двор и едвај имате место за самите вас – како би можело да се справи едно енергично куче со оваа атмосфера? Не грижете се! Постојат неколку видови кучиња што совршено ќе се вклопат и во вашиот мал дом. Еве за кои станува збор…

1. Кавалерски шпаниел на кралот Чарлс

(1) 4-kucheshki-rasi-shto-bez-problem-mozhat-da-zhiveat-i-vo-stan-bez-dvor-www.kafepauza.mk

Се сеќавате на Елизабет Тејлор, кучето на Шарлот од Сексот и градот? Токму на тоа мислиме! Оваа раса не расте многу и достигнува тежина од 4 до 8 килограми. Кучињата вообичаено се пријателски настроени, подготвени да направат сè за да бидете среќни и совршено се согласуваат со мали деца и други кучиња.

2. Француски булдог

(2) 4-kucheshki-rasi-shto-bez-problem-mozhat-da-zhiveat-i-vo-stan-bez-dvor-www.kafepauza.mk

Како додаток на нивната мала, компактна природа, овие слатки крзнени топчиња имаат и пријателски карактер. Тие најчесто се најзаинтересирани за лежење на каучот, каде што попрво би го минувале своето време отколку во парк за кучиња.

3. Мала пудлица

(3) 4-kucheshki-rasi-shto-bez-problem-mozhat-da-zhiveat-i-vo-stan-bez-dvor-www.kafepauza.mk

Не, не станува збор за кадифена играчка! Овие пудлици се толку мали, што нема да ви се верува дека се вистински кучиња. И токму поради својата големина немаат потреба од многу надворешно вежбање бидејќи се раздвижуваат доста и трчајќи меѓу ѕидовите на станот.

4. Мопс

(4) 4-kucheshki-rasi-shto-bez-problem-mozhat-da-zhiveat-i-vo-stan-bez-dvor-www.kafepauza.mk

Зарем би можеле да го одбиете ова лице? Најчесто со тежина од 4 до 8 килограми, овие разиграни кучиња ќе ве смеат секојдневно. За разлика од другите мали раси, тие се многу тивки, па затоа и соседите најверојатно нема ни да знаат дека сте зеле куче.

Дознајте и кои се најверните раси кучиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар